Почеток Контакт English   
 
 

Истовремено, Библијата е полна и со охрабрувања за нашите срца и мисли. Не сме само ние во таква состојба и ова време не е единственото во историјата во кое нема мир во животот на луѓето. Пример од Библијата е Јов, побожен човек, кој целиот свој живот се боеше од Господа и беше благословен, сe до денот кога беше испитан од Бога преку искушенијата од сатаната. Тогаш, тој го загуби мирот и добрата состојба во животот. Неговите искушенија беа допуштени од Бог за да ги допрат нашите срца, за да сфатиме каква вера ни е потребна денес и каква вера Бог сака да имаме. Јов поминуваше низ многу тешка ситуација, го изгуби здравјето, децата, богатството, но откри дека сето тоа е безвредно, ако го изгуби мирот во срцето и мислите. За време на својата безизлезна ситуација, Јов постојано ги повторуваше зборовите: „Нема за мене мир, нема спокојство“ Јов 3:26. Но, тој никогаш не Го обвини Бог за својата состојба. Тој ја докажа својата вера преку истрајноста во сите загуби, а на крајот доби награда од Господа.

Елифаз му предлагаше на Јов нешто што тој однапред го знаеше, да сфати дека само Бог може да го врати мирот. „Зближи се со Него - и ќе бидеш спокоен; преку тоа ќе ти дојде доброто. Прими го од устата Негова законот и стави ги зборовите Негови во срцето свое. Ако се обрнеш кон Вседржителот, одново ќе се средиш“ Јов 22:21-23.

Ова е единствената вистина, Бог е сопственик и господар на мирот „Отец вечен, Кнез на мирот.“ Исаија 9:6, „Голем е мирот кај оние, кои го сакаат Твојот закон, и за нив нема соблазна.Псалм 119 (118):165.

Можеби се прашуваш, како може да се добие Божјиот мир. Библијата како Слово Божјо, денес е попотребна од било кога порано. Таа е охрабрувачко Слово и полна е со ветувања. „Зашто Словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. И нема создание сокриено за Него, туку сe е голо и откриено за очите на Оној, пред Кого ние ќе одговараме.Евреите 4:12-13

Затоа, драги мои пријатели, треба да бидеме во постојан контакт со Господа. Преку секојдневно читање на Божјото Слово, треба секојдневно да комуницираме со Него, преку молитва, преку посветеност на Неговите принципи и вредности дадени во Библијата, но пред сe, треба да веруваме со цело срце, душа и тело дека Бог е Господ, наш Спасител, и да го покажеме тоа преку нашите мисли, зборови и дела. „И така,... оправдани со верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ Исуса Христа“ Римјаните 5:1

И како што ни вети Исус: „Ова ви го реков за да имате мир во Мене.“ Јован 16:33

Да се помолиме:

Драг Небесен Татко,

„Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон. Придојден сум на земјава, не сокривај ги од мене Твоите заповеди... (Псалм 119 (118):18-19) ... Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ќе се придржувам за нив до крај. Вразуми ме, и ќе се држам за законот Твој и ќе го пазам со сето срце свое. Постави ме на патеката на Твоите заповеди, зашто многу ја засакав. Приклони го срцето мое кон Твоите сведоштва... Сврти ги очите мои за да не гледам суета: оживи ме на Својот пат. (Псалм 119:33-37)Во името на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Амин.

И како што Бог рече преку Давид: „...Денес, кога ќе го чуете гласот Божји, не стврднувајте ги срцата ваши“ Евреите 4:7

Нека даде Господ изобилно „Благодатта и мирот со познавањето на Бога и Христа Исуса, нашиот Господ, да ви се умножи. 2 Петар 1:2



« предходна страна


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com