Почеток Контакт English   
 
 

Нашиот Господ и Спасител Исус Христос, во Библијата – Божјото Слово, ни го даде единственото можно решение за тешкотиите во нашиот секојдневен живот: - „...Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“
Матеј 11:28.

Драги мои пријатели, мисијата Маран ата е духовно патување и прибежиште за сите, посебно за оние кои минуваат низ одредени тешкотии во животот, кои имаат некакви проблеми, кои се будни до доцна во ноќта, кои не можат добро да спијат, сите кои имаат некаква болест или здравствен проблем, или, можеби, не можат да најдат соодветна работа или било каква работа, воопшто, сите кои имаат проблеми во бракот или можеби поминуваат низ развод, или пак имаат финансиски проблеми од најразличен вид, без сигурна иднина, или, едноставно кажано немаат душевен мир, мир кој што е како смиреното море, како воздух без ветар или како совршена тишина. Можете ли само за момент да го замислите сето тоа? Можете ли за момент да размислите дали воопшто тоа е можно? Или…

Да, пријателе, можно е да се достигне тоа, можно е да се открие начин на живеење кој ќе ти донесе душевен мир, мирен живот. Само на таков начин, можеш да бидеш сигурен и за твојата иднина, можеш да имаш сигурни и спокојни денови во животот, ветувачко решение за тешките животни ситуации во кои можеби сега се наоѓаш.

Секој би сакал да праша кој е лекот за сите тешкотии во животот.

Не би ги дискутирал причините за таквите животни тешкотии. Не би сакал да се занимавам со минатите или други околности што те довеле до таа лоша ситуација во твојот живот. Но, сакам успешно да стигнеш до можни решенија што ќе го осветлат тунелот низ кој сега минуваш.

Единственото издржано, ветувачко решение е името Исус Христос. Тој е оној кој може да го носи нашиот животен товар. Ни стои на располагање да го носи товарот на животот за нас.

Затоа Тој во Библијата нe поканува: „Дојдете при мене... и Јас ќе ве успокојам“. Драги пријатели, тоа се мир и спокојство што ќе ни бидат дадени од нашиот Господ, но не мир како што светот го дава во денешно време. „Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот...“ Јован 14:27 „Тие не го знаат патот на мирот“ Исаија 59:8.

Што уште ни е потребно за да се убедиме дека не можеме да живееме без мирот од Господа? Тој мир е нешто што веднаш не можеме да го разбереме, но мораме да веруваме и да го прифатиме со вера. „И мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа“ Филипјаните 4:7.

Ваквиот мир во нашите мисли и срца е дар што Бог го дава на секого кој верува, на секој кој го прифаќа со вера. Нам навистина ни е потребен, ние навистина ја посакуваме таа состојба на мирно море и воздух без ветришта во нашиот живот. Бидејќи, „Кроткото срце е живот за телото“ Изреки Соломонови (Поговорки) 14:30.

 



следна страна »


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com