Почеток Контакт English   
 
 

Тајната на тие прашања не успеал да ја открие ниеден научник. Низ вековите, различни научници, биолози, психолози и филозофи се обидувале да ја истражат и објаснат вистината за нашето настанување и постоење, користејќи човечко знаење, искуство и филозофија. Резултатот се состои само од дадени претпоставки, теории и филозофски погледи, без какви било научни докази, без теории, потврдени низ времето.

Дарвиновата теорија беше само претпоставка, во оние денови, најблиска до човечките верувања за потеклото на човекот.

Денес, Библискиот поглед на потеклото на светот е изразен преку т.н. теоријата за интелигентно создавање, теорија која што најмногу освојува и е нашироко прифатена од научниците од целиот свет. Овие научници се наречени Креационисти. Изземањето на Дарвиновата теорија од програмите во основните училишта, е процес што актуелно се одвива во развиениот свет. Се појавуваат многу пречки, но процесот се развива.

Постојат многу научни докази за нашиот постанок.

За да ја предизвикам јавноста и македонската научна елита, би сакал да спомнам некои од нив.

Научниците од центарот за вселенски летови на НАСА, открија дека недостасува еден 24-часовен ден во човечката историја, броејќи од првите денови на земјата, па до денес.

Еден научник од Британија го анализирал истото откритие во 1937 година.

Исто така, случајот го анализирал во 1876 година и Чарлс Адил Луис Тотен, кој на листата во „Кој беше кој во Америка“ (1:1247) е претставен како професор по воени науки на Јеил од 1889 до 1892 година. Тој, исто така, открил дека недостасува еден ден во човечката историја.

Според настанот, обично насловен „Вселенската програма ја докажува Библијата“, Харолд Хил, претседател на Картис Инженеринг и стручен советник на вселенската програма, известува дека кога ги проверувале своите компјутерски податоци, за идните орбитални положби на сонцето, месечината, планетите итн., вселенските научници во Гринбелт, Мериленд, се судриле со голем „проблем“. Проблемот се појавил кога се увидело дека еден ден недостасува од минатото, ден, кој еден од членовите на религиозниот тим, на останатите им откри дека тоа е денот во кој сонцето застана за Исус Навин (Исус Навин 10:12-14).

Проблемот, сепак, продолжи да постои, бидејќи од времето на Исус Навин недостасувале 23 часа и 20 минути, оставајќи 40 непресметани минути. Тогаш, истиот човек се сетил дека сончевата сенка се помести назад за десет стапки – точно 40 минути – на сончевиот часовник на Ахаз, во времето кога Језекија беше болен (2 Цареви / 4 Цареви 20:10-11).

Ќе ви понудиме многу случаеви, за очигледни факти за вистинитоста на Библијата, за време на духовното патување на веб страниците на Маран-ата. И, навистина се надевам, дека вашиот отворен пристап кон научните факти, заедно, ќе нè насочи кон свесноста за постоењето на нашиот семоќен и жив Бог.

За несреќа, Македонија живееше во зимски духовен сон во периодот на комунизмот. Атеизмот беше скоро задолжителен како закон. Никој не можеше слободно да го изрази своето верување; никој не можеше да ја практикува својата вера, без ограничувања. Поради ставот на власта, страдаше црквата. Не беше важно дали станува збор за Православната Црква или Католичката или пак некоја Евангелска Христијанска црква. Сите беа под притисок и преживуваа тешки денови.

 

« предходна страна

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com