Почеток Контакт English   
 
 

О Господи Исусе Христе,

Те молам покажи ја твојата љубов и кон мојот народ, Ти кој го одржа заветот на љубовта со твоите слуги, со тие кои го следат твојот пат со цело свое срце. Нека твоите очи бидат отворени и кон нас ден и ноќ.

Те молам слушни ја оваа молитва, на твоите верни чеда во Македонија, слушни ги молитвите за покајание на твојот народ, а кога ќе слушнеш те молам прости. Прости ни ја нашата непослушност кон тебе Исусе Христе, кон твојот Божји збор, прости ја несигурноста на овој народ да те засака со сето свое срце, тело и душа, прости го незнаењето да се сака ближниот како што се сака секој себеси.

И те молам Исусе Христе, научи не да го разбереме, твојот пат, твојата вистина и твојот живот, да те спознаеме во вистинска светлина за да наследиме спасение, за да дојдеме до спознанието кое води до вечен живот.

Услиши ја нашата надеж Господи, дека еден ден целиот народ во Македонија ќе се сврти кон тебе во покајание, со вера, надеж и љубов кон твојот завет и кон делата твои.

Дај ни сила Боже да те славиме и фалиме за твоите големи дела, за ветувањето твое дека секоја нација, народ и јазик ќе те исповеда тебе Господи, дека ќе биде спасен секој, кој со вера исповеда дека Ти Исусе Христе си наш Господ и Спасител.

А кога ќе застанеш до нас, кога нашите мисли, зборови и дела ќе станат едно со твоите, кога деноноќно ќе те бараме со сето наше срце, ти Господи ќе ни дадеш мир и спокој каков што го даваш само ти, ќе ни дадеш успех и просперитет во се што ќе правиме, каде и да одиме.

И нека периодот кој следи, биде период на Божјата милост во Македонија, во секое семејство. Нека навистина постанеме избрана генерација, царско свештенство, света нација, твој посебен народ, за да може да те прославиме тебе Боже, Ти кој не извади надвор од темнината, во твојата чудесна светлина, во твоето Божјо присуство.

Тебе, на семоќниот наш Господ и Спасител, нека ти е вечна слава, чест и величие, сега и во сите векови.

АМИН


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com