Почеток Контакт English   
 
 

Гледајќи од денешна перспектива, тоа беше најголемата одлука во мојот живот. Благодарение на Семоќниот Бог, мојот Господ и личен Спасител Исус Христос, најдов мир, каков што дотогаш не бев почувствувал.

Се најдов себеси во ново светло, видов светлина во тунелот, го собрав моето животно искуство; го променив распоредот на приоритетни очекувања и го рефокусирав мојот однос кон животот. Станав ново создание. „И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17

Почнав да го гледам светот од нова перспектива, почнав да разбирам каква е Божјата љубов и каков е животот, според Библиските принципи. Разбрав, што всушност значи тоа.

Се почувствував како новородена личност. Од тогаш, па наваму, го знам правецот на мојот живот, јасно ги гледам нештата и од тие денови, па сe до денес, ја чувствувам Божјата заштита и водство. Верувам во Исус и преку длабоки и постојани молитви, живеам радосен и сигурен живот, таков каков што ни е ветен во Библијата, ветен за сите кои ќе се покајат за своите гревови, кои веруваат дека Светата Исусова крв ги очистува од грешниот живот и кои одлучиле да не грешат повеќе.

„...да го отфрлите од себе стариот човек според вашето поранешно живеење, кој се распаѓа во измамливите желби, да се обновите со духот на својот ум и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во правда и светост во вистината.Ефесјаните 4:22-24

Тоа и јас го искусив – почувствував чудесен допир од Господа.

Преку искрени молитви, преку постојано читање и анализирање на Библијата, како вечно Божјо Слово, преку постојан (24/7) христијански живот во пракса и преку сведочење за верата, конечно ја разбрав целта на нашиот живот, целта на нашето постоење – да го најдеме патот, вистината и животот – Исус Христос, како наш личен Господ и Спасител, доброволно да Му го предадеме својот живот и иднина, со целосна доверба во позитивен резултат од нашата вера. Тоа ќе не доведе до благословен живот на земјата, преку сигурно водство низ немирните и мрачни периоди во животот, преку присуството на Светиот Дух, како манифестација на живиот Бог, преку стекнат душевен мир, каков што само Исус може да понуди, но и преку ветувањето за вечен живот. „...на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји.“ Јован 1:12

Му благодарам на Господа што ми овозможи да станам Божјо дете, Му благодарам за Неговото постојано (24/7) присуство во мојот живот, за мислите, зборовите и делата кои во мене извираат како жива вода од неговото Слово, од неговата мудрост и знаење, како и за сите благослови во текот на годините исполнети со жива вера, надеж и христијанска љубов.

Мојата молитва е за секој од нас, мои браќа, да Го најде Господа и да станеме сите Божји деца. И како што ни е ветено, да разбереме дека има надеж за промена на правецот во нашиот живот кон сигурност, успех, просперитет, кон благословен и мирен, тивок, благопријатен и богоугоден живот.

Надеж, што Исус ја вети за сите нас, за сите кои сме се нашле во состојба на вознемиреност, под притисокот од секојдневните грижи и проблеми „...за да им ги отвориш очите нивни, та да се обрнат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене (Исус Христос м.з.) да примат опростување на гревовите и наследство меѓу осветените.Дела Апостолски 26:18

 

« предходна страна


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com