Почеток Контакт English   
 
 
 

Љупчо Ристовски Претседател на
МАРАН АТА

„Почеток на мудроста е стравот ГосподовИзреки Соломонови 1:7

Дури ни доброто воспитување од моите родители, ниту пак општествените ограничувања, не беа доволни за да разберам зошто, од време на време, не можев да избегнам правење грешки од животно значење.

Како што станував повозрасен и како што растеше одговорноста кон моето семејство, тешкотиите се зголемуваа. Бев притиснат од самиот живот. Се чувствував како да сум во тунел, не знаејќи каде одам. Не го знаев правецот на мојот живот. Постојано ги повторував истите грешки.

Иако, во световните работи имав голем успех, сепак не бев задоволен од моето секојдневие. Ми недостасуваше вистинскиот душевен мир – како да беше некаде загубен.

Доживувајќи подеми и падови, задоволувајќи се со привремени успеси, при тоа занемарувајќи ги грешките, се обидував да се убедам себеси дека животот е таков каков што е, и како таков треба да се живее.

Но, тоа не беше вистина.

Световната поговорка, која вели дека волкот си ги менува влакната, но не и карактерот, важи и е вистинита само за волците, но не и за човекот. Човекот е суштество, подложно на промени, како физички, така и во однос на карактерот. Секој може да го промени својот став и однос кон животот. Но, прашањето е ›Како?‹.

Сам, сигурно не ќе може. А, прашање е и дали со нечија помош ќе успее?

Моето лично животно искуство, на многу убедлив начин ми покажа, преку чудни околности, како да го откријам единствениот пат за промена на личноста - Божјиот пат.

Бидејќи сум човек кој сака да се справува со решенија, а не со проблеми, започнав да го анализирам, не моето минато, туку можните последици од бурните животни ситуации во тие денови, како и излезот од истите. Постојано свесен дека Бог контролира сe и имајќи страв од Господа, одлучив да повикам кон Него „Господи, спаси ме!“ Матеј 14:30 Тогаш, донесов животно важна одлука, да ги оставам на страна сите активности што ме водеа кон било каков проблем. Немаше разлика дали тоа беа растечките проблеми од бизнисот што го водев во тоа време, партиските расправи за светски политички прашања, бесцелните политички амбиции, како и сe друго што беше на работ на измамничко однесување, без потполнo чувство на одговорност кон моето семејство, децата и сопругата, кон моите родители и моите најблиски пријатели. Исто така, бев целосно свесен дека некои од грешките не беа по моја вина, но сепак, по длабоко анализирање на состојбите, доаѓав често пати до заклучокот дека јас сум тој кој ги овозможил таквите ситуации, носејќи погрешни одлуки - во дадениот момент. Го прекинав бизнисот, ги прекинав сите партиски и политички активности и одлучив да се концентрирам на единственото можно решение, во кое длабоко и безусловно верувам – Божјото Слово, Библиското учење, неговите пораки и пракса.

Тие станаа мој живот.

Бог, како и секогаш, го одржа своето ветување: „Ќе повика кон Мене, и ќе го услишам...“ Псалм 91:15

 

следна страна »


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com