Почеток Контакт English   
 
 
 

Милан Мирчевски
МАРАН АТА

Драги пријатели од човечкоит род – Божјот род

Послушајте го мојот Апел

Најдобронамерно, најискрено, најкоректно, проверено преку најисправниот, најстрогиот – светиот критериум, со родителска и пријателска љубов ти укажувам и апелирам да не ја направиш мојата грешка. Ако ја избегнеш оваа грешка придобивката ке ти биде вредна колку едно големо богатство, вредна колку животот твој дури и повеќе од тоа.

Честопати една мисла ме прогонува, едно нешто никако неможам да си го простам. –Тоа е мој најголем пропуст, тоа е моја најголема грешка, тоа е моја најголема глупост и непромисленост, тоа се бесценети драги камења фрлени во кал, тоа е непроценета загуба;

Не можам, да си простам што уште од мојата рана младост не го примив во моето срце да се всели мојот создател, мојот Бог Исус Христос, кој ќе ме водеше по најисправните патишта и ќе ме топлеше со најчистата и најголемата љубов што воопшто може да се даде. Јас неможам да си ја опростам оваа моја најолема грешка но Бог може, и секогаш секого го чека, и тебе те чека да му ја отрвориш вратата на твоето срце.

Пријателе те поканувам, дојди во Божјиот храм, во христовата црква, во мојата црква и ќе доживееш, ќе почувствуваш као се вселува Исус во твоето срце.

Луѓе, млади и возрасни, апелирам до вас не правете ја најголемата грешка во вашиот живот која произлегува од неупатеноста, од незнаењето, од темнината – од сатаната.

Не правете ја оваа грешка во вашиот живот, заради светлината ви него што ни ја дава: мојот, вашиот, нашиот Бог – Исус Христос – амин.

 

 
 
 
 

Лидија Ристовска Со-основач на
МАРАН АТА

Татко небесен,

Со себе ја носам мојата благодарност
За сите Твои чуда во мојот живот…
Ти, Семоќен Татко
Ја заслужуваш сета фалба, слава и чест…

Ти благодарам за се во минатото,
За сите милости и благослови Твои…
Ти благодарам за се во сегашноста,
За Твојата бескрајна љубов…
Ти благодарам за Твојот план во иднината,
Зошто се што си предвидел за мене е
совршено за спасението на мојата душа…

Наутро, кога се будам,
Помислувам на Тебе, мој Оче:
Ти ги отвораш моите очи…
Кога ги гледам моите најмили,
Ти го растреперуваш мајчиното срце
Во љубов и грижа…
Ти го движиш моето тело да работи,
Да го заработи својот леб…
Ти ја одмораш мојата душа
И ја обновуваш силата
На мојот ум…
Само Ти, мој Господи…

Чудо е здравјето, со кое не благословуваш…
Чудо е лебот што секојдневно ни го даваш…
Чудо е насмевката на моите деца…
Чудо е плачот на моето бебе…
Чудо е силата со која чука љубовта во моето срце,
Сред премореното тело…
Чудо е како го победувам Ѓаволот…

Те молам, Господи:
Сочувај ја љубовта во моето срце;
Нека остане чисто, во бедата на својот дух…
Нека чистата насмевка вечно ги милува оние што ги љубам…
…зошто совршеното единство е
Твој благослов…

Амин

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com