Почеток Контакт English   
 
 

1. Ние веруваме во еден БОГ, семоќен создател на сe, едно со Исус Христос и Светиот Дух.

2. Ние веруваме во Исус Христос, нашиот Господ и Спасител, кој се откри на човештвото како Божји Син, единствениот пат, вистина и живот, во кого ја полагаме сета наша вера, надеж, љубов, доверба и очекувања за вечен живот, преку прифаќање, покајание за гревовите и преку доброволно давање завет дека понатаму ќе се трудиме да не грешиме. Тој дојде на земјата во човечко тело за да им понуди опростување и помирување со БОГ на сите луѓе кои не веруваат и не Му се послушни на БОГ.

3. Ние веруваме во Светиот Дух како манифестација на живиот БОГ, испратен од Отецот и Исус, како наш заштитник од сатаната и неговите паднати ангели, наречени демони, да нe води во дух и вистина во нашето секојдневие и да го стави Божјото Слово – Библијата во нашите срца, да произведе покајание влијаејќи на новораѓањето, кога ќе се појави вера во Христос. Силата на Светиот Дух е претставена во и преку нас, за исполнување на Христовата последна заповед: „Одете по цел свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.“ Марко 16:15

4. Ние веруваме во Библијата како вечно Божјо Слово, Стариот и Новиот Завет, како инспирирани од Бога и непогрешиви во оригиналните списи, која ни е дадено средство по милоста Божја за да нe упатува во верата во Исуса Христа.

5. Ние веруваме во спасение преку Светата Исусова крв и нејзината очистителна моќ за нашите гревови, пролеана на Голготскиот крст како жртвен дар, не затоа што го заслуживме тоа, но само поради Божјата благодат. Секој кој верува во Исус како во Господ и Спасител ќе биде спасен. Ние веруваме дека сите кои по вера Го примаат Господ Исус Христос, се родени од Светиот Дух и поради тоа стануваат Божји деца. Бог сака сите луѓе да се спасат и да дојдат до познавање на вистината.

6. Ние веруваме во водното крштение, во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, на секоја возраст, како симбол на припаѓање на Исуса, и во крштението со Светиот Дух како услов за спасение.

7. Веруваме во вечен живот, кој значи да се познава единствениот вистински БОГ и Исус Христос, во неизмерната радост на сите Христијани кои Го прифатиле како свој Господ и Спасител, и во вечност под власта на нашиот цар Исус. Човекот е создаден по Божјиот лик и со цел да има вечен живот, преку Исуса Христа.

8. Ние веруваме во постоењето на пекол, како огнено езеро, каде на судниот ден, како вечна казна, сите непослушни души кои се бунтуваат против БОГ, ќе добијат вечна смрт, заедно со сатаната и паднатите ангели, наречени демони.

9. Ние веруваме во претстојното враќање, второто доаѓање на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, во земањето на Црквата, т.е. на сите кои се свети во мисли, зборови и дела.

10. Ние веруваме и пресведочени сме дека сите кои веруваат и Му припаѓаат на Бог, и кои со страв Господов бараат мудрост и знаење, истражувајќи го Неговото Слово – Библијата, и сите оние кои практикуваат вистинска вера во славното име Исус, во зборови, мисли и дела, се подобни за успех и просперитет, преку чудесното водство на Светиот Дух.


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com