Почеток Контакт English   
 
 

Узбекистан (Compass Direct)
Христијаните во едно зафрлено село во Узбекистан се тепани, јавно понижувани и истерани од своите домови и работни места поради преминувањето во христијанството. Еден локален моќник безмилосно се спротивставува на малата заедница во селото Јанбашкала, близу Турткул во југо-западен Узбекистан. Токхтабеј Садикој врши постојан притисок на локалната полиција и локалните власти, на обвинителството, на тајната полиција и муслиманските свештеници, да спроведат казнени мерки против секој жител за кој се знае дека „го отфрлил муслиманството – верата на своите родители“. Снабдувањето со вода на домовите на Христијаните во селото е прекинато, а бројот на посетителите на црквата, од 100 се намали на 20.

Молете се, Бог на Христијаните во Јанбашкала да им даде натприродна храброст, смелост во верата и љубов кон своите соседи Муслимани. Молете се Господ да ја благослови посветеноста на верните со Своето присуство и водство. Молете се, ваквите случаи да доведат мнозина при Христос.

Египет (ASSIST News Service)
Тројца луѓе загинаа за време на нередите пред една коптска црква во Александрија, Египет. Причина за немирите беше една драма со содржина, навредлива за исламот. Британската корпорација за радиодифузија (BBC), извести дека полицијата употреби палки и солзавец за да ја задржи толпата од околу 5000 демонстранти, кои навалија на црквата Св. Ѓорги. Десетици луѓе беа повредени во мешаницата. Полицијата извести дека еден човек кој вдишал солзавец, бил прегазен од толпата и подоцна умрел. На 19-ти октомври, една калуѓерка била прободена со нож од еден муслиман, кој протестирал против продажбата на ДВД од драмата, која била поставена на сцена во црквата во 2003 год. Овие демонстрации беа последните, од низата инциденти во црквата, поврзани со драмата, насловена „Некогаш бев слеп, но сега гледам“, изведена во 2003 год. Во драмата се раскажува за еден сиромашен, млад Копт, кој е грабнат од исламски милитанти, кои потоа се обидуваат да го убијат. Коптските христијански водачи изјавуваат дека драмата ги прикажува опасностите од екстремизмот, а не од исламот. Црковниот режисер, пречесниот Augustinous, демантира дека драмата е со навредлива содржина за Исламот, бидејќи нејзиниот херој – Христијанин, на крајот е спасен од еден пријател, кој е муслиман. Коптите сочинуваат околу 10% од 70-милионско население на Египет. Мнозинството жители на Египет се муслимани.

Молете се, публицитетот што се создаде околу овој настан, да натера многу муслимани да го гледаат ова ДВД и да ги преиспитаат екстремизмите во нивната вера. Молете се да коптските Христијани бидат исполнети со силата на Светиот Дух, во соочувањето со фанатичните муслимани. Молете се Господ да ги опкружи коптските Христијани со Својата љубов и милост и да ги заштити од зло.

Нигерија (Compass Direct)
Христијаните во руралната област Кано, се плашат своите деца да ги праќаат во државните училишта, страхувајќи дека ќе бидат принудени да преминат во Исламот. Учениците се присилени да учат арапски јазик, Ислам, и да кажуваат исламски молитви. Згора на тоа, христијанските лидери известуваат дека владата одбива на црквите да им даде дозвола за основање училишта во руралните области. „Целта е да се присилат Христијаните да ги праќаат своите деца во државните училишта, за да можат да ги натераат да станат муслимани“, рече пастор Муртала Марти Дангора, секретар на Евангелската црква од областа Кано во Западна Африка. Пасторот Дангора, поранешен муслиман, изјавил дека има многубројни случаи на прогонство во државата; во еден случај, 15 Христијани биле присилени да го напуштат селото Банда, поради муслиманскиот антагонизам. Еден друг христијански лидер изјави дека Христијаните во државата Кано ја имаат загубено религиозната слобода и на нив се гледа како на граѓани од втор ред.

Молете се, Христијаните од целиот свет, да ги принесат овие членови на Христовото Тело, пред Неговиот престол. Молете се, Бог да го слушне нивниот плач и да направи чудо преку Својата милост, за да можат верните во Нигерија да слават слободно. Молете се, многу од муслиманските авторитети да Го бараат вистинскиот Бог, Кој ги љуби и тагува и за нивните души.

 


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com