Почеток Контакт English   
 
 

„Сe она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; оти тоа се Законот и Пророците.“ Матеј 7:12

Ова е таканареченото златно правило на христијанството. Во неговата содржина, можеме да ја откриеме вистинската животна мудрост – Божјата мудрост.

Историјата на Македонија е полна со негативни завршетоци. Полна е со порази, несреќни одлуки, погрешен пристап, итн. Нас Македонците, постојано нe следат како проклетство, поделеноста, меѓусебното недоразбирање, раздори, омраза, завист и секаков вид лоши навики. Ова ни покажува дека главната причина за таквите несреќни животни избори е во нас, длабоко во самите нас, во нашиот однос еден кон друг. Дали ова ви звучи познато? Зарем не е така и денес?

Ваквото однесување е спомнато дури и во Библијата. Не сме единствените. Во Посланието на Јуда 1:16 се вели: „...незадоволни викачи, кои живеат според своите желби, а устата нивна произнесува горди зборови, и за корист стануваат ласкатели“; потоа и во 2 Послание до Тимотеј 3:1-11 е претскажано: „...во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нeскротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле“; како што е и потврдено во 1 Послание до Тимотеј 4:1 „... во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамливи духови и ѓаволски учења“. А, ќе се случуваат и вакви нешта „...човек против татка си, и ќерка против мајка си, и снаа против свекрвата нејзина. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни“. Матеј 10:35.

Во нашиот јазик користиме една изрека „Да му умре козата на комшијата“ – затоа што ние ја немаме козата. Тоа е нашата бедна реалност.

Коренот на оваа лоша слика лежи во нашата непослушност кон Бог и во нашето одбивање да го прифатиме Божјото Слово, Библијата. Убедени сме, во себе, дека сме „сезнајковци“. „Никој не знае повеќе од нас. Толку сме паметни и мудри и секогаш кога не ни успева, заклучуваме дека другите се виновни, а не ние“ – тоа е нашето погрешно размислување, засновано на песок. Кога ќе наиде бура, сe ќе исчезне.
Сите грешки се некаде надвор од нас. Нашата гордост ни кажува дека не сме ништо помалку од совршени. Ова се претвора во општа карактеристика на нашиот живот.

Тешко ни паѓа да прифатиме авторитети, да се поттчиниме на нешто што е подобро, поперспективно, или многу поветувачко. Прочитајте го ова како парабола, за можното потчинување на Бог.

Да, ние имаме страв од Господа, а Библијата вели: „Почеток на мудроста е стравот Господов“. Изреки Соломонови 1:7

Библијата, исто така, ни кажува за мудроста што доаѓа одозгора, а не за онаа од нашите, ограничени умови. „Но, ако во срцата свои имате горчлива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината: тоа не е мудрост, која доаѓа одозгора, туку земна, душевна, бесовска; оти каде што има завист и карање, таму има неслога и сe е лошо. А мудроста, што иде одозгора, е најнапред чиста, а потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна.“ Јаков 3:14-17

Ова нe води до заклучокот, дека има надеж за нас. Како народ, можеме да станеме многу помудри. Ако сакаме да успееме во тоа, треба да се потчиниме на Господа, доброволно прифаќајќи ги понудените божествени библиски принципи за живеење. Така ќе станеме подобни за Божјите благослови, за успешен и изобилен живот. „Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат!Матеј 5:6
А тогаш, нашиот живот ќе биде многу полесен, отколку што е сега.

Верата кон нашиот Господ и Спасител е единствениот клуч, единственото решение за нашата иднина.

„И така, секој, што ги слуша и исполнува овие мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на карпа.“ Матеј 7:24

Алберт Ајнштајн еднаш бил запрашан: Која е најголемата од сите глупости? Тој одговорил: „Постојано да ги правиш истите работи во животот, а да очекуваш поинакви резултати.“ За да не се вброиме во оваа група на луѓе, ние Македонците мора да го промениме нашиот пристап кон Господа и Неговото Слово.

Пораката на Библијата е јасна и потврдена низ времето.

Ние живееме во времето на Божјата милост и благодат. Ова значи дека Библијата сe уште е достапна и стои на располагање „... на секое племе и колено, јазик и народ...“ Откровение 14:6

Драги мои Македонци, „бидете цврсти и храбри, не плашете се и не се ужасувајте; зашто Господ, нашиот Бог, е заедно со нас, каде и да одиме“ и да ја искористиме милостиво дадената можност за спасение, преку крвта на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Заедно, да ја препуштиме Македонија под Божјо владеење, под Неговата заштита, сигурност и безбројни благослови.



Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com