Почеток Контакт English   
 
 

Општествена тема: Брак од ист пол

Пред неколку месеци, во Република Македонија, беше покрената иницијатива за граѓанските права на група луѓе со посебно убедување, a кои се идентификуваат како ЛХБТ (лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци и транссексуалци) група.

Во Европа, веќе има неколку примери на легално прифаќање на овој вид однесување, и тоа во три држави: Белгија, Холандија и Шпанија, а во Северна Америка, само во Канада и во една од САД – Масачусетс, од 17ти мај минатата година. Невладините организации во Македонија штотуку започнаа јавни дискусии со цел да се создаде позитивно јавно мислење, за усвојување закон за оваа популациска група – ЛХБТ. Дискусии на таа тема се актуелни уште во неколку држави.

Треба веднаш да разјасниме дека ова не е политичко прашање, и нема причина Македонија да биде прва во прифаќањето на злото, во општа смисла. И онака, не постои таква трка, ниту во Европа, ниту во светот. А, ова не е ниту прашање за човекови права, бидејќи не влијае на подобрувањето на ничие право.

Македонија е длабоко традиционална земја, во која се почитуваат семејните вредности. Православната Црква оставила печат на традиционален конзерватизам на ова подрачје и врз македонскиот народ. А, тоа е прекрасно.

Поради сето горе - споменато, чувствуваме одговорност пред Бог, да му објасниме на нашиот народ, вклучувајќи ги и законодавните и политички тела во државата, кој е ставот на Библијата по ова прашање – „брак меѓу припадници на ист пол“.

За тоа се зборува во неколку книги од Библијата, особено во Новиот, како и во Стариот Завет.

Божјиот став за бракот е јасен. Еден маж и една жена е единствениот начин за опстојување на човештвото. „И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот. А човекот рече: "Еве, сега, коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека и биде името жена, зашто е земена од мажот!" Затоа, ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело.1 Книга Мојсеева (Битие) 2:22-24

Ова јасно ни покажува дека мажот и жената се создадени еден за друг. „Зар не знаете, дека телата ваши се Христови членови? Ќе ги земам ли членовите Христови и да ги направам членови на блудница? Тоа никако! Или, пак, не занете, дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело“. А кој се соединува со Господа, еден дух е со Него. Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето сопствено тело. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате само на себеси? Скапо сте купени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.1 Коринтјани 6:15-20

Ако се обидеме подлабоко да ја анализираме оваа Божја изјава, ќе увидиме дека Му припаѓаме на Господа, а особено нашите тела се многу важни во Божјите очи, бидејќи тие се храм на Божјото присуство во нас, преку Светиот Дух. Поради тоа, треба многу внимателно да се однесуваме со нашите тела.

 

следна страна »

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com