Почеток Контакт English   
 
 

“А оној што не Го љуби Господа Исуса Христа, нека биде проклет, маран-ата”. 1 Коринтјани 16:22

Зборот Маран-ата значи „Господ доаѓа наскоро“. Тоа е последното упатство во поуките на Апостол Павле до Коринтјаните, а исто така и последното упатство на Апостол Јован во Книгата на Откровението. Па, така, последниот збор, последната поука на целата Библија е „Маран-ата“ (на арамејски јазик).

Постојат некои објаснувања кои велат дека кога ќе се разложи зборот Маран-ата (на неговите составни делови) како „мара-ната“ или „маран-ата“, тогаш се добиваат две значења:

Како „мара-ната“, тој значи „Дојди Господи“, или „Господи, дојди“.
Како „маран-ата“, тој значи „Господ е овде“ или „Господ дојде“ или „Господ доаѓа наскоро“.

Поимот „Маран-ата“ може да се употребува и како поздрав. „Чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос“ Тит 2:13

Дефиниријаќи го зборот „Маран-ата“, преку Google, се вели дека Маран-ата всушност, претставуваат два збора кои значат „Господ доаѓа“ или „Нашиот Господ доаѓа“.

Господовото доаѓање е моќно. Да го видиме Господовото доаѓање и да бидеме активен дел од него, е навистина славен чин. Ќе ја почувствуваме Неговата жива вода врз нас. Маран-ата!!! Алелуја!

Зборот Маран-ата ја има својата основа во Стариот Завет. Тоа што арамејската форма е задржана, единствено може да се објасни со претпоставката дека бил некој вид слоган, заеднички за сите верници во Израел, и ниеден израз не би можел да стане толку употребуван, ако не е земен од Словото. Тој бил земен од Малахија 3:1.

\Anathema\ (Анатема). Овој збор ни изгледа малку суров, но одбивањето да се љуби Христос (\ou philei\) од страна на номиналните Христијани, заслужува \анатема\ \Маран-ата\. Овој арамејски израз значи „Нашиот Господ (\маран\) дојде (\ата\)“ или употребено со пролептичен (искажува очекување) перфект, „има дојдено“ („дојде“). Изгледа дека е еден вид слоган (1 Солунјани 4:14; Јаков 5:7; Филипјани 4:5; Откровение 1:7; 3:11; 22:20), кој што ја изразува живата надеж во доаѓањето на Господа. Необична грешка е што во преводот на Библијата на Кралот Џејмс, зборот \Маран-ата\ е поврзан со \Анатема\
„Маран-ата“.

Се поставува прашањето, зошто овој збор е употребен токму во оваа смисла? Никој, навистина, не би можел да ги објасни вистинските намери на Павле во оваа порака, до Коринтјаните. Некои автори сметаат дека било така затоа што, тогаш, биле многу арогантни и со стврднати срца за Христос. Затоа главната цел била - да се уплашат од последните времиња и Исусовото второ доаѓање.

Сепак, добрата вест е дека Исус сигурно ќе дојде. Како што ни беше ветено 700 години пред Христос (Исаија 7:14) дека Тој ќе дојде и тоа се случи со натприродна прецизност, така, можеме да бидеме сигурни, дека повторно ќе се случи како што е предвидено во Божјото Слово. Алелуја! Поради ова предвидување и сигурноста во неговото исполнување, сите ние треба да се подготвиме за Исусовото доаѓање. Мора да се покаеме за нашите гревови, мора со вера да ги предадеме нашите срца на Исуса, мора да бараме спасение на нашите души и мора да ја докажеме нашата вера преку мислите и делата, во секојдневното живеење.

„Пристапете, народи; слушајте и внимавајте, племиња!“ Исаија 34:1 Маран-ата! Амин.


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com