Почеток Контакт English   
 
 

Стотици книги со историски, научни и археолошки податоци ја потврдуваат веродостојноста на Библијата. Науката што ги проучува овие вистини е наречена апологетика.

„Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Оти никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветени од Светиот Дух.“ 2 Петар 1:20-21

Библијата е збирка од записи која содржи 66 одделни книги, пишувани во период од приближно 1600 години, од околу 40 различни автори. Стариот Завет се состои од 39 книги, напишани од околу 1500 до 400 год. пред Христа, а Новиот Завет содржи 27 книги, напишани од околу 50 до 90 год. по Христа. Еврејската Библија (Tanakh) е иста со христијанскиот Стар Завет; различен е само распоредот на книгите. Оригиналот на Стариот Завет е напишан главно на хебрејски, а во помал дел и на арамејски јазик, додека оригиналот на Новиот Завет е напишан на разговорен, старогрчки јазик.

Почнувајќи од 250 год. пред Христа, Еврејската Библија била преведена на грчки јазик од страна на образовани Евреи во Александрија, Египет. Овој превод стана познат како „Септуагинта“, што значи 70, а се однесува на кажувањето според кое преведувачкиот тим се состоел од 70 (веројатно 72) луѓе.

Почнувајќи од околу 40-тата, па сe до околу 90-тата год. после Христа, очевитците на Исусовиот живот, вклучувајќи ги Матеј, Марко, Лука, Јован, Павле, Јаков, Петар и Јуда, ги напишале, евангелијата, посланијата и останатите книги од кои се оформи Новиот Завет на Библијата. Овие автори користеле цитати од 31 книга од Стариот Завет, и нашироко ги распространиле своите пишани материјали, така што од околу 150-тата год. после Христа, овој цел комплет на списи, раните Христијани почнале да го нарекуваат „Нов Завет“. Во текот на 3-тиот век од после Христа, оригиналните списи биле преведени од грчки на латински, коптски (Египет) и сириски (Сирија) и биле нашироко распространети како „вдахновено слово“ низ целата Римска Империја (и надвор од нејзините граници). Во 397 год. после Христа, во обид да се заштитат светите книги од различните ереси и секти, актуелните 27 книги од Новиот Завет биле конечно формално потврдени и канонизирани на Синодот во Картагина (Северна Африка).

„И јас му сведочам на секого, кој што ги слуша пророчките зборови на оваа книга (Библија м.з.). Ако некој нешто додаде, кон нив, нему Бог ќе му наметне поразии напишани во оваа книга. Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му одземе дел од книгата на животот, и од светиот град, и од она, што е напишано во оваа книга.“ Откровение 22:18-19

Библијата, неоспорно е светскиот бестселер на сите времиња со 2 милијарди печатени примероци. Библијата беше целосно комплетирана пред скоро 2000 години и денес важи за најдобро сочувано литературно дело, меѓу сите древни книги, со над 24000, досега, пронајдени древни Новозаветни ракописи (споредете го ова со второто најдобро сочувано литературно дело, меѓу древните книги, Хомеровата „Илијада“, со само 643 зачувани ракописи што се досега пронајдени). Печатарската машина не беше пронајдена, сe до 50-ите години на 15-иот век, но сепак, имало рачно пишувани копии на Стариот Завет кои датираат од 2-иот век пред Христа. Постојат и 36000 зачувани цитати од Новиот Завет.

„Целото Писмо (Библијата) е од Бога вдахновено и полезно за поука, изобличување, поправање и поучување во правдата.“ 2 Тимотеј 3:16

Без читање на Библијата, тешко е да се осознаат нејзините вистини. Затоа редовно читај ја и откриј го лично за себе она што Господ веќе го кажал; таа е богата со Божјиот план, полн со љубов, Неговата мудрост и суверена моќ.

Затоа, можеме да заклучиме и секогаш треба да имаме на ум, без никакво сомневање и со целосна доверба, дека целото Свето Писмо (Библијата) е инспирирано од Бог и претставува Негово откровение на живата вистина.

„Блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!“ Откровение 22:7

 

« предходна страна


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com