Почеток Контакт English   
 
 

Бог ни дал порака од животно значење, нешто што ја претставува сржта на нашиот живот, воопшто. Таа порака е полна со љубов, сочуство и желба сите ние да бидеме среќни и успешни, под Божјо раководство. Постои само еден услов: Биди Му послушен на Господа и Неговото Слово - Библијата, и преку неа преиспитувај ги сите свои мисли, зборови и дела.

„...Грижливо пази го и извршувај го целиот Закон (Библијата); не се отстранувај од сето тоа ни надесно ни налево, за да бидеш успешен каде и да одиш. Да не се одделува од устата твоја овaа книга на законот; туку поучувај се од неа дење и ноќе, за да разбереш како ќе го извршуваш сe она, што е напишано во неа; зашто тогаш ти ќе имаш успех во патиштата твои и умно ќе постапуваш.Исус Навин 1:7-8

Но, се прашувам, зошто треба да ја прифатиме Библијата како вистинско Божјо Слово? Или, кажано со други зборови, зошто таа треба да биде водич и столб на нашиот живот? Дали таа навистина е Божјо Слово, или е напишана од луѓе?

Одговорот на сите овие прашања, единствено, може да се најде во самата Библија и во пораките што ги содржи таа, потврдени низ вековите.

„Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на оците наши преку пророците, во последниве дни ни зборува преку Синот (Исус Христос)“ Евреите 1:1-2

Ова значи дека во старите времиња, опишани во Стариот Завет, одредени луѓе биле избрани од Бог и им била дадена моќ за комуникација со Него преку Неговиот Дух. Понатаму, како што е опишано во Новиот Завет, Исус на сите нас ни даде чудесна можност да комуницираме со Него преку истиот Свети Дух. Присуството на Божјиот Дух е очигледно во времето на пишувањето и на Стариот и на Новиот Завет, а потврда за ова е нивната доследност, исполнувањето на претскажаните древни пророштва, сe до денешен ден, целосната прецизност на предвидувањата од периодот на 700 години пред Христос, исполнети во настаните забележани во Новиот Завет.

Убедливата 100% прецизност на Библиските пророштва е неоспорен доказ. Има илјадници исполнети пророштва, вклучувајќи ги и оние за животот , смртта и воскресението на Христос. На пример, за едно од многубројните старозаветни месијански пророштва, исполнети од Исус, може да се прочита во Исаија, глава 53. Таму е опишан животот на Исус Христос 700 години пред да се оствари!

Божјото Слово беше напишано преку инспирација од Создателот, долго пред научниците да ги потврдат своите пронајдоци докажани преку експерименти. Но, човештвото е склоно да гледа на нештата со скептицизам или од т.н. научна перспектива, кога фактите за цело време се во Библијата. Еве неколку примери:

• Земјата е кружна, а не рамна како што некогаш се верувало (Исаија 40:22)
• Атмосферските движења (Проповедник 1:6)
• Гравитациското поле (Јов 26:7)
• Биолошката важност на крвта за животот (3-та Книга Мојсеева – Левит 17:11)

Покрај тоа, има изјави кои се во согласност со палеонтологијата. На пример, во неколку книги од Библијата се спомнуваат диносауруси. Во Јов 40:15 и 41:1 се зборува за две такви суштества. А, има и многубројни стихови во кои се спомнуваат змејови (левијатан). Сепак, многумина мислат дека диносаурусите и луѓето не постоеле во исто време.

 

следна страна »


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com