Почеток Контакт English   
 
 

Македонска Христијанска Евангелска Мисија - МАРАН АТА

МАРАН АТА е здружение на граѓани посветено на ширењето и практикувањето на христијанските вредности на поединец, група на граѓани или заедници.

Здружението ќе дејствува локално, регионално и меѓународно, со цел што поголем број луѓе да ги практикуваат тие христијански принципи во секојдневниот живот, во односот помеѓу своите сограѓани, на работните места, во политиката и на секое ниво на комуникација.

Цели на Маран ата се:

1. Да се интензивира ширење на Евангелието - Радосната вест, како и да се прокламираат и популаризираат основните вредности на Христијанството и Библијата како Божји збор.

2. Да се поттикне и унапреди верата кај Македонскиот народ и сите кои живеат во Македонија, во единствениот Господ и Спасител Исус Христос.

3. Да се поттикне на размислување, прифаќање и практикување на Библиските принципи, во секојдневниот живот на поединецот, групата или заедницата.

4. Да се зајакне меѓусебната соработка помеѓу разните христијански деноминации во Република Македонија, заради идно поединствено и поусогласено делување во правец на доближување на Христијанството до секој човек.

5. Да се воведат нови едукативни инструменти за духовна наобразба на поединецот, семејството како основна клетка на едно здраво општество, како и целата јавност, со цел да се доближи Библијата до обичниот човек.

6. Да се иницираат јавни кампањи заради информирање на јавноста и властите во Република Македонија, за да се поттикнат истите да практикуваат христијански вредности, знаење и мудрост од Библијата.

7. Да се поттикне процес на помирување и разбирање помеѓу луѓето, со различна религиозна и нерелигиозна позадина, базирано на Библиските принципи за помирување.

Задачи на Маран ата

Целите на здружението Маран ата ќе се остваруваат комуницирајќи и инволвирајќи ги целните групи преку реализирање на следните задачи:

- издавање списанија, брошури, web страна, преводи на книги;
- користење и креирање на сите расположливи видео, аудио и печатени медиуми;
- организирање на семинари и друг вид едукативни инструменти, вклучувајки домашни и странски претставници;
- организирање волонтерски акции и кампањи, за практично остварување на целите;
- оставрување локална, регионална и меѓународна соработка со исти или слични здруженија;
- и други неспомнати активности од ваков карактер.

 


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com