Почеток Контакт English   
 
 

Библијата е полна со ветувања за просперитет, успех, изобилен живот, среќен живот, не само во материјален, но и во духовен поглед. Таа, едноставно, на сите нас, ни ветува благослови.

CNN спроведе испитување на јавното мислење на глобално ниво за соодносот меѓу среќата и материјалната благосостојба. На општо изненадување, резулататите беа спротивни на сите очекувања.
Најсреќна нација се Нигеријците, помеѓу првите е Коста Рика, а од 20-тото место па натаму се САД, Велика Британија и повеќето европски држави. Заклучокот е дека среќата е многу малку поврзана со материјалната благосостојба или, едноставно кажано, со парите.

Еден друг податок, ни дава фрапантен показател за душевната состојба на луѓето во Европа. Дури 1/3 од европската популација е дијагностицирана со некакво психолошко нарушување или заболување. Ова со сигурност не соодветствува со материјалната благосостојба на Европејците.

Од друга страна, вистина е и дека финансиската слобода е многу посакувана состојба, на секој од нас. А, во тоа нема ништо погрешно.

Грешно е парите да се ставаат на првото место, пред Бог. „А, оние што сакаат да се обогатуваат, паѓаат во искушение, во примка и во многу неразумни и штетни желби, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел. Зашто коренот на сите зла е среброљубието...“, а ова се случува кога парите ги ставаме пред Бог. 1 Тимотеј 6:9-10

Плодоносната порака е дека треба да Го поставиме Бог на првото место во нашиот живот, за да го избегнеме влијанието на сатаната, кое може да нe одведе во горе споменатиот правец. Ако го ставиш Бог на прво место, ќе ти биде дадено сe што ти е потребно за удобен, живот исполнет со сите благослови што Бог ги подготвил за тебе, според состојбата на твоето срце.

За погрешно да не се разбере Божјиот став кон парите, материјалната, а исто и духовната благосостојба, Библијата јасно го дефинира следново:

„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небеско!
Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат!
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небеско!“

Матеј 5:3-10

Ова ни ја покажува најпрецизната дефиниција за благословите и за тоа, кому му се ветени.

За ова секој човек, секоја душа треба да се потруди. Единствениот услов е вера во нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Верувајќи во Него со сето срце, душа и разум, практикувајќи го тоа во секојдневниот живот преку нашето однесување и пренасочувајќи ги нашите мисли, зборови и дела според Божјите упатства, стануваме подобни да ги примаме Божјите благослови. (Исус Навин 1:8)

„А Бог е силен да умножи во вас секаква благодат, та, имајќи секогаш доволно сe, да бидете од сe срце дарежливи во секое добро дело... па во сe да се обогатите...“ 2 Коринтјани 9:8,11

Но, на Божјите деца не им се ветени само материјални задоволства и богатства, туку и во духовна смисла, состојба на душевен мир и посреќен живот воопшто. (Марко 10:29б-30).

„Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога Отецот и заедништвото на Светиот Дух нека бидат со сите вас.2 Коринтјани 13:14

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com