Почеток Контакт English   
 
 

Крст

Во 1 Коринтјаните 1:18 се вели: „Бидејќи словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.“

Смртта на крстот ни покажува дека постои некој, кој безусловно нe љуби и кој го даде својот земен живот, за да ни овозможи спасение. Да, браќа мои, Тој го даде својот живот за нас, за да ги земе нашите гревови и нашата грешна природа и да нe помири со Бог. „И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Тој заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови; а тоа стана, кога Христос го избриша ракописниот закон, што беше против нас, а кого го отстрани и го прикова на крстот.(Колосјаните 2:13-14)

Крстот е симбол на саможртвување, поради непроценлива љубов. На крстот, нашиот Господ и Спасител ни даде порака што навистина тешко се разбира. Тој ни покажа и каква љубов треба да имаме еден спрема друг.

Тоа за секој од нас е бесплатен дар, жртва и можност да ја победиме нашата непослушност спрема Господ, да ги омекнеме нашите срца за Божјото Слово и неговата драгоцена порака, зашто многумина од нас беа против Божјата порака, против прифаќањето да се живее побожен живот. „...мнозина ... постапуваат како непријатели на крстот Христов“. Филипјаните 3:18

Но, Господ е секогаш доследен. Иако е љубов, Тој е упорен во постигнувањето на Неговата божествена цел - да нe помири со себе „...преку крстот...“ Ефесјаните 2:16

А, Библијата ни вели дека Тој е победникот, Тој е оној кој ќе го победи злото олицетворено во Сатаната и неговите паднати демони „...победувајќи ги на крстот“. Колосјаните 2:15

 

Срце - објаснување на заштитниот знак

Зборот срце има две различни значења. Едното е медицинско, кога се мисли на морфолошките и финкционални карактеристики, а другото е духовно.

Во една приказна се раскажува како еден дедо и неговиот внук разговарале за исполнетоста на срцето. Дедото кажал како чувствува оти во неговото срце се одвива борба помеѓу два волка – еден добар и еден зол волк. Внукот прашал кој од нив ќе победи. Одговорот бил: Оној, што цел живот сум го хранел. Изреки Соломонови 27:19 „така и срцето го одразува човекот“. Матеј 15:19 „Оти од срцето излегуваат лоши помисли“. Ништо не може да се сокрие од Господа. „Бог ги знае вашите срца“ Лука 16:15.

Сето наше разбирање на животот е длабоко всадено во нашите срца. „И стави ги зборовите Негови во срцето свое“ Јов 22:22, зборови на знаење и мудрост од Божјото Слово „па да се здобиеме со мудро срце“ Псалм 90(89):12.

Тоа што го ставаме во нашите срца, мислите со кои ги исполнуваме, ќе го откријат нашиот карактер, нашата личност, преку нашите зборови, а оттаму и преку делата. Не можеме да очекуваме нашите зли мисли да произведат добро однесување, ниту пак можеме да очекуваме добро зборување, доколку длабоко во срцата имаме завист, лутина и бруталност. „Од истата уста излегува и благословот и клетвата: не треба, браќа мои, тоа така да биде. А тече ли од еден ист извор слатка и горчлива вода?“ Јаков 3:10-11. Изреки Соломонови 16:23 „Срцето на мудриот го прави јазикот негов мудар“ или „од преполнетото срце зборува устата“ Матеј 12:34.

Целта на нашиот живот треба да биде послушност кон Господа, па преку послушноста и верноста кон Него, да станеме подобни за Неговото присуство. Но, условот за тоа е да се има чисто срце.

„Создај чисто срце во мене, Боже“ Псалм 51(50):10 е мојата постојана молитва. „Те призивам со сето срце мое, услиши ме, Господи“ Псалм 119(118):145.

Божјата добрина и благодат е за сите „чии раце се невини и чие срце е чисто“ Псалм 24(23):4 и тие „...ќе застанат на Неговото свето место?Псалм 24(23):3.

Треба да бидеме свесни и дека „лукаво е човечкото срце повеќе од сe“ Јеремија 17:9. А, и „тајните на срцето ќе му се откријат“ 1 Коринтјаните 14:25. Затоа секој од нас треба да го „измие злото од срцето свое“ Јеремија 4:14; да биде буден и „од сe, што е за пазење, најмногу да го чува срцето свое...“ Изреки Соломонови 4:23.

Во сето тоа, Бог е со нас 24/7 . Тој е милостив и полн со љубов. Тој ни ветува „Ќе ви дадам ново срце“ Језекиел 36:26 и „Блажени се чистите по срце“ Матеј 5:8.

Доколку сме Му верни и доброволно Му допуштиме, Светиот Дух, живиот Бог, „ќе ги запази вашите срца и вашите мисли“ Филипјаните 4:7.

„Ќе им дадам срце, за да Ме познаваат, дека Јас сум Господ, и тие ќе бидат Мој народ. Јас пак ќе им бидам нивни Бог, оти тие ќе се обрнат кон Мене, од сe срце.“ Јеремија 24:7

„Да не ги ожесточите срцата свои“ Евреите 3:8, додека ја слушате Божјата порака; посејте ја како семе кое ќе расте и ќе ги донесе првите плодови на вашата вера, првите благослови на вашата послушност кон Исус Христос.

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Бесплатен e-Билтен
Регистрирај се:
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com