Почеток Контакт English   
 
 

Заветот е обврзувачки договор меѓу Бог и луѓето.

Првиот завет му беше даден на Ное.

"А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас, и со секоја жива душа, ...дека отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата! ...Божилак Свој поставувам во облакот, за да биде знак на заветот меѓу Мене и земјата. Па кога облак ќе навеам на земјата, ќе се види божилакот во облакот.“ 1 Книга Мојсеева (Битие) 9:9-10а, 11-14
Овој завет досега не е прекршен и важи засекогаш.

Подоцна, Бог склучи прекрасен завет со Израелскиот народ на Синај (во Стариот Завет – 2 Книга Мојсеева / Излез 24:3-8). Плочите на кои беа врежани Десетте заповеди беа наречени „плочите на заветот“ (5 Книга Мојсеева / Повторен закон 9:11).

Ако го анализираме овој извадок од Стариот Завет, можеме да забележиме дека крвта е земена како клучна гаранција за заветот.

На тој начин Бог му се откри на Израелскиот народ. „Па ја зеде книгата на заветот и му ја прoчита гласно на народот, а тие рекоа: Сe, што рекол Господ, ќе правиме и ќе бидеме послушни. Тогаш, Мојсеј ја зеде крвта, и го попрска со неа народот, велејќи: Ова е крвта на заветот, кој го постави Господ со вас за сите оние зборови.2 Книга Мојсеева (Излез) 24:7-8

Новиот Завет, исто така, се воспостави преку крв, но овој пат преку скапоцената и света крв на Христос, пролeана на крстот, за наше помирување со Бога и за спасение.

Во Новиот Завет тоа е опишано во Евангелието според Марко. За време на Пасхалната вечера со своите ученици, во горната соба, Исус ни даде Нов Завет. Кога пиеме вино, земајќи парче леб, во спомен на Исус Христот, ние всушност сведочиме за Неговата смрт – дека Тој умре за нас, а истовремено дека таа крв важи за целиот свет. (1 Коринтјани 11:24-26, Галатјани 2:20, 1 Јован 2:2).

Мои пријатели, Македонци, кога на Божиќ или Велигден го правите тоа во македонските цркви, имајте го на ум овој Завет. Оваа поврзаност е многу важна за сите нас, бидејќи Бог сака да биде сфатен сериозно. Тој не сака да Му ветиме нешто, а потоа да не го исполниме. Ако постапуваме така, можеме да потпаднеме под Божјиот гнев.

Ова е мојата порака: Кога Му ветуваме нешто на Бог, ветеното мораме целосно да го исполниме. Во спротивно, воопшто да не ветуваме. Кога не го исполнуваме она што сме Му го ветиле на Бог, Го лажеме Него, а не луѓето. Токму затоа, особено се нагласува, да го ветуваме она што можеме и сакаме да го исполниме целосно. А Новиот Завет, претставен преку пиењето од чашата со црвено вино, е највеличествениот Завет за нашето спасение, што преку Исус Христос нe води во вечен живот. Токму, во тој момент, Му ветуваме на Бог дека од тој ден, па натаму, целосно Му се предаваме Нему, на Неговото Слово – Библијата и дека, со вера, доброволно ја прифаќаме Неговата понуда за спасение и вечен живот.

Ова е сериозно предупредување и ние мора да постапуваме според Господовите упатства за нашиот живот, во согласност со Неговите (Библиските) принципи и вредности.

„Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сe, оти таква е волјата Божја во Христа Исуса спрема вас! Не гаснете го Духот! Пророштвата не ги унижувајте! Сe испитувајте, за доброто држете се! Клонете се од секакво зло! А сам Бог на мирот да ве освети наполно во сe, и целиот ваш дух и душата и телото да се запазат без порок, при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!“ 1 Солунјани 5:16-23

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com