Почеток Контакт English   
 
 
» Основна молитва
» Барање за молитва
 

„И сe, што и да побарате во молитва со вера, ќе добиете.“ Матеј 21:22

Молитвата е збир на зборови, што ги изговараш кога зборуваш со Бог, за да благодариш или да побараш помош. Не постои некој посебен ред на зборовите во молитвата. Зборовите треба да произлегуваат од внатре – од чистото срце. „Добриот човек од доброто сокровиште на своето срце изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште на своето срце изнесува лошо; оти од преполнето срце зборува устата негова.“ Лука 6:45. Сите зборови треба да бидат искрени. Потребно е навистина да веруваш во Господа, да веруваш дека Тој ќе ги исполни твоите барања и молитви, без воопшто да се сомневаш или двоумиш, но да имаш полна доверба во семоќниот Бог. „За ништо не грижете се, туку во сe преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања.“ Филипјаните 4:6

Треба да бидеш постојан и трпелив. „Бидете радосни во надежта; во мака бидете трпеливи, а во молитвата постојани.Римјаните 12:12

Секој од нас треба да научи да чека одговор и со двете уши да слушне внимателно кои се Божјите пораки во време на молитва. Преку Библиските текстови што секојдневно ги читаме, Бог ќе ни зборува со Својот тивок глас што ќе доаѓа од длабочината на нашите срца, или преку луѓето околу нас, преку блиски пријатели и роднини кои се управувани од Бог, а можеби и преку одредени настани во нашите животи.

Но, уште еднаш ќе повторам, дека сите ние мора секојдневно да ја читаме Библијата, мора да ја практикуваме верата во нашиот Спасител Исус Христос, преку мислите, зборовите и делата. „...да Му се молите на Бога“ 1 Коринтјани 7:5 „Со секаква молитва и просба молете се со духот во секое време“ Ефесјаните 6:18

Ова значи дека не постои временско ограничување за молитвите. Бог вели: „Во секаква прилика....“ „И така, мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи ги чистите раце без гнев и сомневање.“ 1 Тимотеј 2:8 „Молам, пред сe, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе...“ 1 Тимотеј 2:1

Суштината на горе спомнатото е да ја исповедаш твојата вера со устата, во молитва. Сите треба да бараме опростување од нашиот Господ и Спасител Исус Христос, опростување на сите наши гревови (сите ние сме грешници, родени со грешна природа), доброволно да Го прифатиме Исуса за единствен Господ и Спасител и да одлучиме да не грешиме повеќе.

Денес, може да е денот за најважната одлука во твојот животот. Исус умре за сите нас, за нашите гревови да може да бидат опростени и да живееме засекогаш во небото, откако овој живот ќе заврши.

„Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец (Бог; белешка на авторот), Кој е во тајност; и Тој Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“ Матеј 6:6

А, единственото нешто што треба да го направиш, е да се помолиш со следнава едноставна молитва:

„Боже, одлучив да го предадам својот живот на Тебе и од сега, па натаму, да живеам според твоите упатства од Библијата. Те молам, прости ми ги гревовите. Верувам со срцето и исповедам со устата, дека Исус Христос е мој Господ и Спасител. Исусе, влези во моето срце. Научи ме како да го разбирам Твоето Слово и како да го спроведувам во секојдневниот живот, преку мислите, зборовите и делата. Се молам во името на Исус. Амин“

Бог да те благослови.


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com