Почеток Контакт English   
 
 

Спасение претставува ослободување од зло, опасност, или неволја; Божји дар, преку Христос за спасение на душата на човекот, очистена со светата Исусова крв, пролеана на Голготскиот крст. Светата крв на нашиот Господ и Спасител е основа за вечен живот. Уште во Стариот Завет е напишано за важноста на крвта за животот „Зашто животот на телото е во крвта, и Јас ви ја дадов за жртвеникот, за да ги покривате од грев вашите души, зашто оваа крв прави покривање на гревот за душата.“ Левит (3 Книга Мојсеева) 17:11

Учењето за Спасението е каменот темелник на Христовата Црква.

„Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден.“ Псалм 25:5 „Дојдете да Му запееме на Господа, да Му воскликнуваме на Спасителот наш Псалм 95:1

Секој кој верува во Господ Исус Христос, како во свој Спасител, секој кој исповеда дека Тој е семоќниот Господ, ќе биде спасен. Тоа е кажано во Божјото Слово. Низ децениите, со многу докази, тоа е потврдено, така што нема место за сомневање. „Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе, учејќи нe да ги отфрлиме нечесноста и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век, да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос“; Тит 2:11-13 „И секое тело ќе го види спасението Божјо“. Лука 3:6

Штом доброволно ќе Го прифатиме Христос за свој Господ и Спасител, стануваме партнери во заветот со Исус. „Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб, и ... по вечерата, исто така, зеде и чаша, па рече: - Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!“ 1 Коринтјани 11:23-25

Преку оваа жртва со непроценлива вредност, Господ ни ја покажува Својата милост, благодат и љубов.

„Иако бевме мртви поради гревовите наши, оживеавме со Христа, - по благодат сте спасени!“ Ефесјаните 2:5 „Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – Божји дар е“ Ефесјаните 2:8 „Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас со тоа, што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни. Затоа сега, откако се оправдавме со крвта Негова, многу повеќе ќе се спасиме преку Него од гневот.Римјаните 5:8-11; 6:15-18; „Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината, - благовестието за вашето спасение, - и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух.“ Ефесјаните 1:13

Бог нe избра нас, а не ние Него. „Од почетокот, преку осветувањето од Светиот Дух и преку верата во вистината, Бог ве избра за спасение.“ 2 Солунјани 2:13 „И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји.“ 2 Коринтјани 7:1

Но, што всушност значи тоа? Кога веќе сме спасени, што ќе се случи со нас? Треба да го знаеме значењето на Божјото пророштво во врска со ова. „Еве, тајна ви кажувам: сите нема да умреме, но сите ќе се измениме, одеднаш, во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме; зашто распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното – да се облече во бесмртно.1 Коринтјаните 15:51-53

Во книгата на Откровението е дефинирано ветувањето за вечниот живот, преку спасението на нашите души „...и оживеаја и царуваа со Христа илјада години. Другите, пак, од умрените не оживеаја, додека не се навршија илјадата години. Тоа е првото воскресение. Блажен и свет е оној, кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и на Христа и ќе царуваат со Него илјада години. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите по запишаното во книгите, според делата нивни. Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои. А смртта и пеколот беа фрлени во огнено езеро. Тоа е втората смрт. И кој што не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во огненото езеро.“ Откровение 20:4-6, 12-15

Имајќи го во предвид ова ветување, не смееме да се двоумиме во однос на неговото прифаќање, туку да се посветиме на откривањето на патот што ќе нe води до спасение, преку Светата крв на нашиот Господ и Спасител Исус, да се покаеме за гревовите и верно да се заветиме да не грешиме повеќе, а да живееме живот, каков што ни е препорачан во Божјото Слово – Библијата.


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com