Почеток Контакт English   
 
 

„А му рече уште Господ на Мојсеја: ›Напиши ги за себе овие зборови, зашто со тие зборови склучувам завет со тебе и со Израилот.‹ ...и ги напиша врз плочите зборовите на Заветот, Десетте заповеди.“ 2 Книга Мојсеева (Излез) 34:27-28

Напишани се 1500 години пред Христа и стојат како сведоштво во Стариот Завет. Никогаш не биле променети, но им го промениле животот на толку многу луѓе. Слично нешто, никогаш не се случило, а да е во целост вистинито.

„И Toj ви го објави заветот Свој, и ви заповеда да ги исполнувате десетте заповеди...“ 5 Книга Мојсеева (Повторен закон) 4:13

„Јас сум Господ, твојот Бог... да немаш други богови пред лицето Мое!
Не прави идоли и никакви ликови на она, што е на небото горе, и што е на земјата долу, и што е во водите под земјата, не им се клањај и не им служи...;
Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог...;
Пази го саботниот ден, за да ти биде свет...;
Почитувај го таткото твој и мајката твоја...;
Не убивај!
Не врши прељуба!
Не кради!
Не сведочи лажно против ближниот свој!
Не ја пожелувај жената на ближниот свој...“

5 Книга Мојсеева (Повторен закон) 5:6-21

Бог, лично, ни го даде своето слово, со цел да ни ги отвори очите, за да го видиме доброто, да ни ги отвори ушите, за да ги слушнеме Неговите ветувања и устата, за да ги исповедаме нашите гревови и да ја објавуваме Неговата слава.

„Бој се од Бога и пази ги неговите заповеди...“ Проповедник 12:13

Кога ги пазиме Неговите заповеди, ние сме далеку од секакви зли мисли, зборови и дела. Далеку сме од секаков товар во нашиот живот, со кој не би можеле успешно да се справиме. Дури и во време на тага, Бог е со нас, нe охрабрува и утешува.

Бог ни го даде Својот единствен Син бидејќи толку многу нe љуби. Тој нe создаде; Ни даде живот, не напразно да го живееме, туку да Му одадеме слава, да Му служиме и да живееме во согласност со Неговото слово, Неговите заповеди. Зарем би можеле да заборавиме да возвратиме со љубов на некого кој толку длабоко нe љуби?

„...Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себе си! На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците.“ Матеј 22:37-40 Ова ни покажува дека Бог е истиот, како во деновите на Мојсеј и во деновите на Исус, така и денес и засекогаш. И Неговите заповеди се исти. Тие, исто така, се потврдени и во Новиот Завет. И таму, повторно, заповедта беше дадена лично од Господа. Исус ни ја даде најголемата заповед што нe води во живот, но не таков каков што сега живееме, световен, туку живот што е свет, според даденото учење во Библијата.

„Ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите...“ Матеј 19:17 „...и заповедта (е) света, справедлива...“ Римјаните 7:12


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com