Почеток Контакт English   
 

 

„Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото. Тоа во почетокот беше во Бога. Сe стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.“ Јован 1:1-3 „И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видoвме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.“ Јован 1:14 „Јас и Отецот едно сме.“ Јован 10:30

Премногу расправи се водени во врска со прашањето за постоењето на Исус Христос. Многумина прашуваат дали Тој навистина е Бог или е само човек. Ако убедувањата не се засноваат на Библијата како на непогрешливо Божјо Слово, тие се напразни и безвредни.

„Тој (Исус Христос) е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар; бидејќи преку Него е создадено сe што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сe е преку Него и за Него создадено. Тој е пред сe, и сe преку него се држи. И Тој е глава на телото, односно на Црквата; Тој е почеток, првороден меѓу мртвите, за да има првенство во сe.“ Колосјаните 1:15-18

Во книгата на пророкот Исаија чие име значи „Господ спасува“, (најголемиот пророк што некогаш живеел), 740 години пред Христос, е напишано: „ Затоа Самиот Господ ќе ви даде доказ: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му Го дадат името Емануел (што значи „Бог е со тебе“)“ Исаија 7:14 „и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот“ Исаија 9:6.

Ова пророштво беше целосно исполнето и прецизно потврдено во многуте настани од Новиот Завет.

Исус дојде на земјата во тело за да ни покаже со својот личен пример, како треба да се однесуваме, со цел да Му бидеме угодни на Бог, преку вера во Неговото име. Исус ни кажа: „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот освен преку Мене. Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“ Јован 14:6-9 „Вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос, Кој, иако беше во обличје Божјо... се изедначи со луѓето.“ Филипјаните 2:5-7

Сам Исус има кажано во Библијата: „Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: ›Покажи ни Го Отецот?‹ Не верувате ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене...?“ Јован 14:9-10 „...макар што Мене не Ми верувате, на делата Мои поверувајте, за да разберете и поверувате дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него.“ Јован 10:38

 

следна страна »


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com