Почеток Контакт English   
 
 

Семоќниот Бог ни се открил од самиот почеток и нe охрабрува. „И рече Бог: Ќе бидам со тебе“ 2 Книга Мојсеева (Излез) 3:12. „ ... Јас сум Господ, Бог ваш“ 2 Книга Мојсеева (Излез) 16:12. И навистина, Тој е со секој кој ќе одлучи да го прославува, да го почитува, да му припаѓа и да го љуби со цело срце, душа и сила, зашто Тој е „штедар и милостив Бог“ 2 Книга Мојсеева (Излез) 34:6 и „Господ, твојот Бог, е Бог благ и милосрден“ 5 Книга Мојсеева (Повторен закон) 4:31.

Оваа порака е од животно значење и е дадена на сите народи. „Јас сум Бог твој, оди пред Мене...“ 1 Книга Мојсеева (Битие) 17:1 и „Бог е со тебе во сe што правиш“ 1 Книга Мојсеева (Битие) 21:22 „Ќе се движам меѓу вас и ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ“ 3 Книга Мојсеева (Левит) 26:12.

„Бог е Дух“ Евангелие според Јован 4:24. Ние не можеме ова целосно да го разбереме со нашето човечко размислување, знаење, образование или искуство. Тоа е “…над секое наше разбирање” Јов 36:26;„...што надвишува секој ум...“ Филипјаните 4:7

Длабоко во нашите срца, потребно е да донесеме одлука да му бидеме послушни на Господ нашиот Бог и да го поставиме како прв приоритет во нашиот живот. „...го насочи своето срце да Го бараш Господа“ 2 Летописи 19:3 (30:19) и „.. ќе Го побарате Господа, вашиот Бог“ 5 Книга Мојсеева (Повторен Закон) 4:29.

Бог е надеж за сите нас, „...надевај се на Бога“ Псалм 42(41):5. Тој е нашиот водач „Бог е со нас; Тој е нашиот водач“ според 2 Летописи 13:12 и секој народ на земјата треба да сфати дека успехот и напредокот доаѓаат од Господа, од послушноста кон Неговата вистина, принципи и вредности. Единствениот услов е верата во Него, „Верувајте Му на Господа, вашиот Бог“ 2 Летописи 20:20, покајанието „Покајте се, пак, и обратете се“ Дела 3:19 и прифаќањето и склучувањето завет со семоќниот Бог. „..вечниот завет меѓу Бога и секоја душа“ 1 Книга Мојсеева (Битие) 9:16.

Тогаш, Божјите ветувања настапуваат на сцена. Благословите се на располагање на сите народи кои по вера ги прифаќаат горе споменатите чекори. „Блажен е оној народ, на кој Господ му е Бог Псалм 33(32):12.

Па така, нема никакви ограничувања. Сe е многу полесно и поперспективно кога семоќниот Бог е со нас. „...за Бога сe е можно“ Евангелие според Марко 10:27 и „...за Бог ништо не е невозможно“ Лука 1:37.

Повикот од Бог во Библијата, важи и за нас Македонците. И нам, како и на другите народи и јазици, Бог ни е благонаклонет. Мои драги Македонци, Бог ве повикува директно „Обрнете се кон Господа вашиот Бог“ Јоил 2:13; „...дојдете кај Бог“ според Евреите 7:25, „...зашто во Бога има сила да поткрепи“ 2 Летописи 25:8.

 

следна страна »


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com