Почеток Контакт English   
 
 

Maran-atha (Мараната) – Македонска Христијанска Евангелска Мисија е интерденоминационална, непрофитабилна иницијатива на група млади Христијани, ревносно посветени на ширењето на Евангелието во Македонија и пошироко.

Република Македонија е Христијанска земја со околу 2,1 милиони жители, во која доминира православната деноминација. Помала религиозна група е Исламот застапен кај приближно 20% од населението. Евангелските Христијански заедници се мали, поделени и не толку моќни да влијаат на јавноста, на луѓето што се изгубени и што страдаат.

По осамостојувањето на Македонија од Југословенската Федерација (1991), значително се подобрува општата клима за евангелизација. Законската регулатива е поволна за јавни Богослужби и за ширење на Христијанската вера.

Позитивна основа дава и постоењето страв од Бога помеѓу обичните луѓе. Независно од тоа дали се православни христијани или не, тие чувствуваат некаков страв од Господа, но, не се целосно свесни што всушност значи тоа, и што треба да преземат за да ја променат таа состојба и да го откријат патот до познавањето на Божјото Слово и мудроста од него.

„Стравот Господов учи на мудрост...“ Изреки 15:33

Основната идеја на проектот е да го зголеми влијанието на Евангелието врз обичните луѓе, како и да влијае на евангелските христијански заедници во Македонија, за започнување на меѓусебното обединување, не формално, туку на дело.

Библијата нe учи дека Христовото тело се состои од различни органи, но сите тие имаат иста општа цел. Тоа значи дека сите христијански и заедници, треба да се реорганизираат, за да можат да допрат до непросведочените и ранети срца.

Исус, во Лука 11:17-18 нe поучува: „... Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом - на групи, една против друга, пропаѓа; и, ако и сатаната се разделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово?...“

Ние, кои себеси се декларираме како посветени Христијани, треба да ги пренасочиме нашите активности со цел да ја зацврстиме Христијанската инфраструктура, христијанското влијание врз луѓето. Преку интензивирање на издавање христијански списанија, христијанска литература, книги, ЦДа со проповеди, Госпел музика, ДВД – филмови со Христијанска содржина, зголемен број на јавни Богослужби со телевизиски пренос, денови на евангелизација со некои од светски познатите христијански проповедници, радио, национална христијанска телевизија (во блиска иднина), итн, да се обидеме да го засилиме присуството на христијанската порака помеѓу луѓето во Македонија.

Општо речено, мораме да започнеме процес на духовно пробудување во Македонија.


следна страна »


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com