Почеток Контакт English   
 
 


За односите: христијанство – ислам - евреи – WM012

Република Македонија е држава во која се одразува светското искуство во односите помеѓу христијаните и муслиманите. Со цирка 30% муслимани и доминантно христијанско население од православна провениенција, односите во Македонија се обременети со традиционалната недоверба на едни со други, привидна коегзистенција, која е делумно одраз на светските прилики и растот на исламскиот фундаментализам генерално, а делумно одраз на заблудите на политичките елити и небулозата која тие ја шират за наводната загрозеност на едни од други.

Но каде е коренот на оваа нетрпеливост помеѓу едните и другите. И дали навистина постои и е своевиден безизлез ваквата ситуација.

Ако се обидеме да дадеме одговор од човечки аспект, со човечка филозофија и гледање на светот, тогаш одговорот ќе го потврди правилото дека нетрпеливоста и омразата наместо да се намалува и ништи, таа се одржува и расте. Заканата по глобалниот мир е постојано на релација исламски фундаментализам и останатите, било да се христијаните, евреите или други. Воглавно, војните се директнo или индиректно поврзани со исламските структури во разни региони во светот. И ќе заклучиме дека човечки гледано, одговорот нема да не задоволи ниту ќе биде решение на напнатоста и растечкиот тренд на омраза.

Единствен можен одговор на навидум бизизлезната ситуација на релација муслиманство – христијанство, евреи и други, е во Божјиот збор – Библијата. Како и на се останато, така и во оваа насока, Библијата е јасна, прецизна и пред се ветувачка за идните односи во човештвото. Прашањето е дали сме подготвени да го слушнеме и прифатиме одговорот и да тргнеме по еден друг пат, пат кој ни го трасира нашиот Господ и Спасител Исус Христос, а тоа е патот на љубовта, милоста, простувањето, патот на верата и надежта во Бога.

Библијата вели: “...Сакај го ближниот, како себе си...“ Лука 10:27

А кој е ближниот ?

“...Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов. Во тоа време слегуваше по патот еден свештеник и, кога го виде, си замина. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, се приближи, погледна и си отиде. Еден пак, Самарјанин (денешен Палестинец), кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали. И кога се приближи, му ги преврза раните, поливајќи ги со елеј и со вино, па, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилницата и се погрижи за него. А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: Припази го, а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.
Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците? А тој одговори: Оној што му направи милост...“ Лука 10:29-37

Авраам стана татко на многу народи. Пред да се исполни ветувањето на Бога дека ќе роди син, тој прифати да легне со слугинката Агара (од другото племе, а под притисок од неговата жена Сара). Од овој потег, на Авраам му се раѓа син по незаконски пат, по име Исмаил. За некое време, се исполнува и ветувањето на Господа, и на Авраам и Саара им се раѓа ветениот од Господа син – Исак.

Авраам ја покажува љубовта и спрема неговиот незаконски син Исмаил, на тој начин што измолува од Бога благослов и за него и неговото потомство.

“И Авраам му рече на Бога: О, барем Исмаил да биде жив пред лицето твое! А Бог му рече на Авраама: Навистина, Сара, жената твоја, ќе ти роди син и ќе го наречеш со името Исак, и ќе направам заветот мој со него да биде завет вечен, и да му бидам Бог на потомството негово по него. А и за Исмаила те послушав, еве, го благословувам, и ќе го направам плоден, и многу ќе го умножам, многу, и ќе роди дванаесет кнезови, и од него ќе произлезе голем народ...“ 1 Мојсеева 17:17-21

Тоа значи дека Исмаиловото колено не е отфрлено од Божјиот благослов, туку едноставно и за него милоста Божја е на дофат, како и благословите, преку покајанието и верата во единствениот Господ и Спасител, но и надежта за спасението и стекнување на право на вечен живот. Сите луѓе се еднакви пред Бога. Сите имаат право на покајание, вера, надеж и љубов, сите имаат еднакви шанси да се дојде до спознанието кое води до вечен живот. Одговорот е во одлуката дали сме подготвени да го послушаме Бога, безусловно, или не.

Сега е времето на милоста, време кое е дадено на незнабожците, меѓу кои сме и ние Македонците и муслиманите, како нееврејски народи. Време во кое ни се нуди единствената шанса да дојдеме до спознанието кое води до вечен живот, преку единствениот пат, вистина и живот, преку покајанието и верата во спасителната крв на Исуса Христа.

Исус ни порачува преку Словото “Јас сум вистинска лоза... Секоја прачка во Мене која што не дава плод, Он ќе ја исече, и секоја што дава плод, ќе ја очисти, за да принесе повеќе плод...Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене. Јас сум лозата, а вие прачките, и кој што е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод, оти без мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се исуши, а такви ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат. Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде...“ Јован 15:1-7

Ова е патот, вистината и животот, почитувани мои. Да ги отвориме нашите срца за Божјото присуство во нас, да ги отвориме нашите очи за да видиме нешто за кое досега сме имале превез преку очите, и да ги отвориме ушите за да го слушнеме тоа што досега ни изгледало далечно, неразбирливо и недостапно.

Да се молиме, Господ Бог да ни даде мудрост, знаење и разум од Словото негово, за да дојдеме до спознанието кое води до вечен живот и да го стекнеме правото за Божјо присуство во нашите животи, правото на Божјата милост и благослови, а пред се мирот и спокојството во нашите души, какви што само Исус може да ни ги даде. Нему нека е слава, власт, чест и величие, сега и во сите векови. Амин.


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com