Почеток Контакт English   
 
 


За празниците... – WM011

Изминаа новогодишните и Божиќни празници. Дали сме задоволни од начинот на кој истите се организирани од црковното свештенство во Македонија.

Да се запрашаме дали преку присуството на бројните обреди и обичаи постигнавте повисоко ниво на продуховеност, дали придонесовте за Божјото присуство во вашите домови и животи? Дали можеби и после се, се чувствувате празно, безидејно, безперспективно?

Секој човек треба да размисли логично, дали и колку му помогна присуството на вакви обредни и обичајни средби, организирани од црковното свештенство, средби на кои се палеа огнови, се пее и игра и пие топла ракија, и наводно се слави Бога…

Што е тоа што собира толку народ околу огнови, околу топла ракија, музика и не знам уште што?

Што е тоа што ги тера децата да станат рано наутро и да одат по домови и собираат храна и што и да е?

Дали е тоа незнаењето, непознавањето на Бога, заблуда, некритично превземена традиција, обред, паганство, обичај кој е превземен без да се размисли дали на тој начин го лутиме Господ и несвесно се откажуваме од Божјото присуство?

Почитувани, време е да размислиме подлабоко за нас и нашата комуникација со Господа. Време е да го дефинираме односно ре - дефинираме нашиот однос кон Бога. Време е кај секој од нас да се роди пламена желба за Божјото присуство, за Божјите благослови.

Време е црковното свештенство во Македонија да се разбуди од својот зимски сон, од состојба на летаргија и страв да го соочи својот народ со Библиските вистини. Или му припаѓате на Господ, почитувани, или не. Нема помеѓу. Библијата вели “Вашето да, да биде да, а Вашето не да биде не. Се што е помеѓу е од лукавиот (ѓаволот)“.

Мое длабоко согледување за состојбите во Македонија од духовен аспект, е дека се потребни темелни реформи, првенствено во Македонската православна црква, па и во сите останати Христијански заедници, реформи кои нужно треба да го доведат народот на “вистинскиот пат и живот“ да го доведат народот до спознанието за нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Ако свештенството не преземе радикални чекори кон Библиската вистина, кон развластување на ѓаволот на овие простори, тогаш народот ќе си остане во заблуда, слепило и не ќе може да ги види и почувствува Божјите благослови, какви што Господ ги подготвил за нас Македонците.

“...со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите, зашто срцето на овие луѓе закоравело, та со ушите мачно слушаат, а очите свои ги затвориле, па некако со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се обрнат, за да не ги исцелам“ вели Господ во Дела апостолски 28:26,27

Свештенството мора да преземе иницијатива. Словото – Божјиот збор ни заповеда: “проповедај го Словото, настојувај во погодно време и во невреме, изобличувај, забранувај, советувај со голема долготрпеливост и поука. Оти ќе дојде време, кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот, тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се обрнат кон бајки“ Тимотеј 4:2-4

А во Малахија, глава 2:1-3,7,8 е напишано: “ И така за вас свештениците ова е заповед: Ако не послушате и не си ставите на срце, за да му воздадете слава на името Мое, вели Господ Саваот, Јас ќе испратам врз вас проклетство и ќе ги проколнам вашите благослови, и веќе проколнувам, бидејќи вие не сакате ова да го примите на срце. И, ете, јас ќе ви го одземам трудот, и нечистотијата ќе ви ја фрлам врз лицето ваше, нечистотиите од вашите празнични жртви, и ќе ве исфрлам заедно со нив.......Оти устата на свештеникот треба да располага со знаење, и Законот го бараат од устата негова, бидејќи тој е гласник на Господа Саваот. А вие се отстранивте од овој пат, на многумина им послуживте како собалазна во Законот, го разрушивте заветот.....вели Господ Саваот“.

И што после сево ова. Дали има простор за колебање и цврста одлука? Одлука да се вратиме на вистинскиот пат, на патот на силна и искрена вера, со постојана молитва и Божјиот збор во мисла и дела, да навистина излеземе од кругот на власта на ѓаволот над нашите животи, во кругот на Божјото присуство и бескрајните благослови, кои убеден сум дека Господ ги подготвил за нас Македонците и за сите оние кои поверувале дека Исус е Христос, наш Господ и Спасител.


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com