Почеток Контакт English   
 
 


Власт над ѓаволот (чекори за превземање на власта над ѓаволот) – WM008

Почитувани, во минатото издание на електронски вести, се запознавме со оружјето за борба против ѓаволот – Библијата или Божјиот збор. Токму во неа, Господ нe упатува и поучува на фактот дека ние како Божји созданија, како Негови чеда го имаме правото на избор. Дали ќе се одлучиме со сето срце, тело, разум и сила да го побараме Бога, да го избереме Исус Христос за наш Господ и Спасител и преку нашето покајание, a потоа и присуството на Светиот Дух во нашите мисли, постапки и дела, да дојдеме до надежта за спасение и до вечен живот? Или, сe уште ќе се колебаме и на тој начин ќе му оставаме простор на сатаната – ѓаволот, да ровари во нашите животи, да ни ја краде среќата, радоста и смислата на нашето постоење.

Изборот, сепак еден ден мора да се направи. Доколку тоа не го сториме во овој живот, ние уште живи сме погубени, осудени на смрт. Секојдневно, огромен број човечки души гинат во незнаење, не сакајќи да го отворат своето срце за Господа, и преку покајанието и живата вера во Исуса Христа да ја почувствуваат благодатта од таквата одлука. “...Јас дојдов за да имаат вечен живот и да имаат изобилие.“ ни порачува Исус во Евангелието според Јован 10:10

Да не се залажуваме со лагите на ѓаволот. Тој е присутен на овој свет “...да украде, да убие и да погуби...“ Евангелие според Јован 10:10 “Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта;“ 1 Послание на Апостол Петар 5:8 „Сатаната го ветува најдоброто, но го дава најлошото; ветува почест, но дава срамотење; ветува задоволство, но дава болка; ветува добивка, но дава загуба; ветува живот, но дава смрт.“ - Томас Брукс .

Но, драги мои, во минатиот број размислувавме за тоа како да му се спротивставиме на сатаната и заклучивме дека единствениот начин е да го земеме оружјето Божјо – Библијата. “...Спротивете му се со тврда вера, знаејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот“ 1 Послание на Апостол Петар 5:9.

Но, дали е само тоа доволно или Господ нe поучува и охрабува дека има уште нешто. “Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила (ѓаволот м.з.); и ништо нема да Ве повреди“ Евангелие според Лука 10:19. Многумина ќе се обидат да заклучат, да тоа е така, но се однесува само на Исусовите ученици – апостолите. “Самиот Дух му сведочи на нашиот дух, дека ние сме чеда Божји. А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници Христови...“ Послание на Апостол Павле до Римјаните 8:16-17.

Како сонаследници на Царството небеско, со Исуса Христа, ние христијаните го имаме полното право на власт над сe што е создадено од Господа, вклучително и ѓаволот – сатана. “И си го поставил (човекот м.з.) над делата од рацете Твои, и сe си потчинил под нозете негови“ Псалм 8:6. И “...духовите ви се покоруваат...“ Евангелие според Лука 10:20.

А кога некому се дава власт, се бара и одговорност од практикувањето на власта. “А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име (Исус м.з.) ќе истеруваат демони...“ Марко 16:17.

И ако сево ова го анализираме подлабоко, доаѓаме до суштината дека секој кој ќе поверува во Исуса Христа, како сонаследник Негов, ја стекнува власта над ѓаволот, а со самото тоа и над делата негови, а тоа е сето зло на овој свет. Но, ако имате власт, вие сте должни и да ја практикувате, во спротивно ќе ви биде одземена.

Како се практикува власта? “...и на сите да им откријам во што се состои распределбата на тајната... многуразличната премудрост Божја да им се објави сега преку Црквата, на началствата и властите небесни“ Послание на Апостол Павле до Ефесјаните 3:9-10. А да се потсетиме, нашата борба како христијани беше токуму против овие началства и власти небесни – поднебесните сили на злото, на темнината – Послание на Апостол Павле до Ефесјаните 6:12

Значи, црквата и верниците се тие кои ќе се спротивстават на ѓаволот со премудроста Божја од Библијата. Преку силна и тврда вера, преку постојаност во молитвата и редовното читање на Библијата, притоа црпејќи ја премудроста од Бога, ние стануваме цврсти и храбри. Како такви, преку силата на Светиот Дух, го стекнуваме Божјото присуство во нашите животи, а каде што е тоа присуство, таму злото не се допира. Ѓаволот, ќе биде далеку од нашите животи и ќе рика како разјарен лав, а неговата сила ќе биде се послаба врз нас. Тоа не значи дека ѓаволот ќе се откаже од нападите врз нас христијаните, но неговата сила ќе биде сe послаба, со јакнењето и практикувањето на нашата вера, на начин на кој нe советува Божјата премудрост во Библијата.

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com