Почеток Контакт English   
 
 


Противете му се на ѓаволот – WM006

“...затоа е речено: Бог се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат. Па затоа, покорете му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од Вас! Јаков 4:6,7

Во секојдневието често пати можеме да ја слушнеме изреката “Ѓаволот ни ора ни копа“. Во секојдневието, луѓето махинално ја прифаќаат и користат истата, во ситуации на незгоди, одлуки, неизвесност, дневни дилеми и преокупации.

Ако подлабоко, библиски, навлеземе во суштината на споменатата народна изрека, тогаш ќе откриеме длабока Божја вистина, дека ѓаволот е реалност во секојдневието и неговата задача на овој свет, како негов господар, е “да растури, украде, убие и уништи“ (Евангелие по Јован 10:10) што повеќе човечки души или ако сакате, да ги оттргне подалеку од Бога и Божјото присуство, а со цел што помалку души да бидат спасени преку верата во Исуса Христа.

Сето зло на овој свет, сите раздори, војни, болести, човечки трагедии се дело на ѓаволот. Од моментот на создавањето на човекот како брилјантно совршено Божјо создание, ѓаволот наречен Сатана, се обидува да ја помати славата Божја.

Гордоста (Книга на пророк Исаија 14:11) беше основна причина која го доведе претходно наречениот “ангел на светлината – Луцифер“ во ситуација да сака да се израмни со Бога и да постане ист со Него. Книга на пророк Исаија 14:13,14. Неможејќи да ги достигне висините и славата Божја, тој започна да руши се што е дело Господово, користејќи се со најразлични итроштини и зла, во стилот на народната “грозјето е зелено“, се одлучи да го имитира Господа, да се направи себеси бледа копија од Господа и во ништо да не може да успее. Знаејќи го својот крај, ѓаволот станува се подеструктивен, како глобално во светот, така и во секој човечки живот.

Сите несреќи, зла, плач, проблеми, немир, страв и ужаси во денешницата се производ на Сатаната.

Знаејќи го ова, треба да бидеме свесни и на следново: Бог не не остави сами на ветрометина на ѓаволот. Бог го љуби секого од нас. Па впрочем негови созданија сме. (Битие 5:1). А кој не го сака своето дете ?

При вознесението Христово на небото, на ден т.н. Спасов ден (според православието), Исус, гледајќи страв во срцата на апостолите и народот, ни даде ветување за утешителот, Светиот Дух (Евангелие по Јован 14:16). Тоа е живиот Бог, Кој е меѓу нас преку Својот Свет Дух за да нe заштити од злото и од лукавиот – Сатаната.

А ветувањето е, вели Господ, “каде што се еден или двајца собрани во Мое име, таму сум и Јас“ Евангелие по Матеј 18:20, а каде што е Божјото присуство, таму злото не се допира до човекот.

Затоа, почитувани, потребно е секој да обрне поголемо внимание на тоа: да биде во присуството Божјо, а тоа се добива преку себепонижувањето пред Исуса Христа и прифаќањето на Него за свој Спасител и Избавител од грвот и од смртта.

Да ја уништиме секоја гордост во нас, да ја заслужиме благодатта како на смирени во Бога. Бог ни дал сила да имаме власт над ѓаволот. Со вера, преку постојана молитва, да му се противиме на злото во животот. Да се отстраниме од секакво зло, од секоја лоша мисла, лош збор, лоша постапка, а наспроти тоа да правиме добро на сите и во секое време, покорувајќи му се на Бога, а противејќи му се на ѓаволот, за да побегне од нас. Зашто, да повториме, таму каде што е Божјото присуство и дело, таму злото не се допира. Таму ѓаволот нема власт. Власта му припаѓа на единствениот Господ и спасител Исус Христос, од Кого доаѓа и секоја благодат во нашите животи.

 

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com