Почеток Контакт English   
 
 

Божјиот најважен совет – WM002

Едно од најмоќните пророштва во Библијата е она од пророкот Исаија. Ова пророштво беше напишано речиси 700 години пред Христа. Точноста на ова пророштво била потврдена толку многу пати низ историјата со компјутерска прецизност и неговите делови сочинуваат еден цел мозаик.

Божјото барање за свет живот ни е испратено нам преку овие пророчки зборови, актуелни од самите почетоци на светот, па до денес, со истата важност и релевантност:

„Чујте го словото Господово, кнезови содомски, вслушајте се во законот на нашиот Бог, народе гоморски! „Зошто ми се многуте ваши жртви - вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телиња, од јагниња и јариња не сакам. Кога доаѓате да се јавите пред лицето Мое, кој ви бара да ги газите дворовите Мои? Не принесувајте веќе суетни жртви; кадењето е одвратно за Мене; новомесечија, саботи и празнични собранија не можам да трпам: беззаконие - и празнувања...? Душата Моја ги мрази вашите новомесечија и вашите празници: тие се товар за мене, тешко Ми е да ги носам. И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги умножувате молбите свои, Јас не слушам: рацете ваши се полни со крв. Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица." Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и како бакам, - како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур, - како волна ќе станат бели. Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни; ако, пак, не сакате и се спротивставувате, меч ќе ве истреби, тоа го рече устата Господова.“ Исаија 1:10-20

Што би можеле да додаме на ова? Или треба едноставно да ја прифатиме неговата важност како порака.

Мислам дека треба да веруваме без никакво сомневање во значењето на секој збор напишан од самиот Господ преку пророкот Исаија. Секој збор во Библијата е порака од животно значење: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, изобличување, поправање и поучување во правдата.“ 2 Тимотеј 3:16

Драги пријатели, би сакал да ви го свртам вниманието кон последните горе споменати стихови „...Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни; ако, пак, не сакате и се спротивставувате, меч ќе ве истреби...“ Исаија 1:19-20.

Ако доброволно одлучиме да Му припаѓаме на Господа, да Го прифатиме и да ги положиме длабоко во срцето Неговите зборови, пораки и совети, т.е. Неговата мудрост, знаење и совест што произлегуваат од секој збор напишан во Библијата, тогаш ќе можеме да се надеваме на Неговата помош во нашиот живот и на Неговото присуство во секојдневните активности. Во тој случај, Господ ќе „...нe научи на Своите патишта, и ќе одиме по патеките Негови...“ Исаија 2:3. „Ти ми ги покажа патиштата на животот: со радост ме исполнува Твоето лице; вечно блаженство е во Твојата десница.“ Псалм 16:11

Само Неговите патишта се сигурни, надежни и успешни. Неговото присуство во нашиот живот ќе нe води низ секојдневните превирања кон високите планини на Божјата слава, мир и среќа какви што порано не сме искусиле. И токму поради тоа ветување, вреди да се живее.

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com