Почеток Контакт English   
 
 
За Израел - CN004

Битка на три фронта

Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците, во која Евреите одлучно го држеа секое село и населба кои ги извојувале со тешки маки. Ставот на неизбројните Арапски и Британски сили кон нив неизбежно создал ситуација која ги потсетила на поранешното враќање на Евреите во таа земја, кога нивните непријатели рекоа: „Што преземаат овие бедни Евреи? Имаат ли намера можеби да поправат, да жртуваат и да свршат с# во еден ден? Зар купот во прав ќе го извикаат во живот изгореното камење?” (Неемија 4:2).

И сега како и тогаш Евреите продолжуваат да ја развиваат својата земја и покрај опасностите, и да се заштитуваат себеси исто како нивните предци под Неемија, кои запишале:

Но во тој ден само половина од моите момчиња ја вршеа работата, а другите држеа копја, штитови, лакови и оклопи, а главатарите стоеја зад Јудиниот Дом, кои го градеа ѕидот. И носачите на товарот држеа оружје: со едната рака секој ја вршеше својата работа, а оружјето му беше во другата. Секој од градителите додека работеше, носеше меч припашан на половината. Трубачот стоеше покрај мене (Неемија 4:16-18).

Интервенција на О.Н.

Постојаната битка во Палестина на крај беше премногу за Британците. Им се смачи од тероризамот, саботажата, постојаниот конфликт помеѓу Арапите и Евреите, од цената која ја плаќаа за сето тоа. На 2ри Април 1947, Велика Британија ја предаде судбината на Палестина во рацете на Обединетите Нации. Тоа беше еден историски момент чијшто краен исход беше основањето на државата Израел.

На 29ти Ноември, 1947, по исцрпна и внимателна истрага, Обединетите Нации изгласаа да се подели Палестина, со тоа давајќи им независност на Евреите. Оваа поделба не Евреите им даде само околу една четвртина од територијата која тие на почеток ја имаа замислено за свој дом. Таа во средиштето беше само десет милји во широчина и подложна на напад од речиси секоја страна. Но за Евреите, одлуката за поделба значеше дека ќе добијат независност, и тие со радост ја поздравија одлуката на Обединетите Нации. Конечно и тие ќе добијат свој дом.

Раѓањето на една нација

Конечно, 15ти Мај 1948 беше определен како дата за добивање државност. Како што се приближуваше тој настан, возбудата на Евреите околу нивната независност беше засенета од заканата од војна со Арапите. Бидејќи беа далекусежно помалубројни и послабо вооружени, тие едноставно не беа подготвени за војна. Имаа донесено оружје од Европа, но Британците немаше да им дозволат да го употребат тоа оружје пред истекот на нивниот мандат. Арапските водачи ветуаа војна до истребување. Откакто поминаа низ бројни тешкотии од Хитлеровите кампови се до својата татковина, сега им изгледаше дека ги очекува уште едно искуство слично со она од Нацистите.

Не дозволувајќи да ги спречи опаснота која се надвиснуваше над нив, Евреите продолжија со подготовките за раѓањето на нивната нација.

Во осум наутро на 14ти Мај, во Ерусалим Британците го спуштија државното знаме. До раните попладневни часови веќе се водеше вистинска војна низ целата земја помеѓу Арапите и Евреите.

Во 16:00 истиот ден, Давид Бен-Гурион ја прочита Израелската Декларација за Независност која беше пренесувана во живо од Музејот во Тел Авив. Тој почна вака:

Израелската земја беше родното место на Еврејскиот народ.

Овде се оформи нивниот духовен, религиозен и национален идентитет. Тука тие постигнаа независност и создадоа кутура од национално и универзално значење. Од тука тие ја напишаа и на светот му ја подарија Библијата.

Откако беше протеран од Палестина, Израелскиот народ & остана верен на таа книга во сите земји во кои беше распрскан, никогаш не престанувајќи да се моли и да се надева на својот повраток и обнова на својата национална слобода.

Привршувајќи ја Декларацијата, Бен-Гурион рече:

Наоѓајки се под неоправдана агресија, ние ги повикуваме Арапските жители на Државата Израел да се вратат на мирните начини и да го дадат својот удел во развојаот на Државата имајќи целосен и еднаков статус на нејзини државјани, со соодветна застапеност во сите тела и иституции -- било да се привремени или трајни.

Им нудиме мир и единство на сите соседни држави и нивните народи, и ги покануваме да соработуваат со независната Еврејска нација за општото добро на сите.

Ние испраќаме повик кон Евреите кои се по цел свет, да ни застанат рамо до рамо и да ни се придружат во големата битка за исполнување на сонот на многу генерации -- обновата на Израел.

Соединетите Држави беа првата земја која ја призна Државата Израел, со изјавата за признавање на претседателот Труман која стигна во 18 часот и 10 минути на 14ти Мај.

На тој ден, во наредното издание на Њу Јорк Тајмс излезе:

Ова е последниот ден на Британското владеење во Палестина. На полноќ (во 6:00 по наше време), Велика Британија го предаде мандатот кој го имаше примено од Лигата на Нациите пред дваесет и пет години. Тој момент, исчекуван со надеж и вознемиреност од страна на горко поделеното население, бележи судбоносна промена на статусот и владеењето во една мала држава која Обединетите Нации ги подложи на најтешкиот тест кој досега го имале, и којашто тежи на срцето и совеста на светот повеќе од која било друга судбина.

Палестина сега ќе биде независна единка за прв пат во векови.

Долгоочекуваната државност пристигна. Израел се роди.

Војната за независност

На 15ти Мај, од Тел Авив во 5:25 наутро, Бен-Гурион преку етерот ја пренесуваше благодарноста на Израел кон Соединетите Држави за брзото признавање на нивната државност. Силна експлозија го прекина неговиот говор. По една пауза, тој рече: „Бомба тукушто падна на градот од неговиот непријател кој го надлетува.” Војната за независност започна.

Да се нарече ова „Војна за независнот” изгледаше како контрадикција. Повеќето нации го бележат својот почеток со војна за независност по којашто беше извојуван статусот на државност. Во случајот на Израел, долгата битка за државност се заврши со војна за независност. Иако имаше повремено војување долж целата држава во месците кои му претходеа на крајот на Британскиот мандат, вистинската војна всушност започна на роденденот на нацијата. Иако болки и напон обично го придружуваат раѓањето, во оваа историска ситуација, болките и неволјите продолжија откако самиот чин на раѓање беше завршен.

Војната за независност беше крвава и очајна. Да знаеја Арапите колку сиромашни со оружје беа Евреите, тие можеа да ја искористат оваа предност и за кратко време да ја добијат војната. Арапите беа во можност да купуваат оружје на отворениот пазар бидејќи тие беа признаени земји. Во тоа време Европа имаше огромен пазар на оружје, еден вид на поствоена распродажба на отворено, но Евреите беа спречени да купуваат оружје поради нивниот политички статус. Тие имаа успеано да обезбедат некакво оружје од Втората Светска Војна, но на почетокот на војната тие имаа само четири големи хоуицери (тип на топ) од типот на оние кои ги користеше Француската Армија во Франко-Прусиската војна од 1870.

Во една борба со четириесет и пет Сириски тенкови, само два од прастарите хоуицери им беа на располагање, откако на брзина беа транспортирани од Хајфа, за да можат да бидат употребени во одбраната на најстариот кибуц (просторија за собири) во Палестина. Полковникот Моше Дајан, локалниот командант, им нареди на луѓето да испукаат на најнапредниот Сириски тенк. Израелците остварија директен погодок, којшто резултираше во повлекувањето на колоната воени возила. Тие никогаш повторно не се вратија. Да знаеја Сиријците дека на нив беше пукано од едното од едиствените две оружја кои им беа на располагање на противниците во тој момент, тие недвосмислено ќе ја употебеа својата сила и воена надмоќ да победат во битката.

Арапската Лига на нации кои му се спротивставија на Израел беа Египет, Ирак, Саудиска Арабија, Сирија, Јемен, Либан и Транс Јордан. Тие имаа формирано една исклучителна алијанса против помалку од еден милион слабо вооружени Евреи. Многу од Арапите добро се бореа и бројот на жртвите од страна на Евреите беше голем. Шест илјади Израелци беа убиени во текот на осумте месеци времетраење на војната. Да беа загубите на Американците пропрционално толку големи за време на Втората Светска Војна, тие би достигнале два милиони, бројка која е поголема од вкупниот број на загинати од двете светски војни.

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com