Почеток Контакт English   
 
 
Дон Дејвис и Скот Виннеил

„Светот на утрешнината“

Гласини за војна. Минатата недела Северна Кореа изјави дека ако Јужна Кореа ги спроведе санкциите на Обединетите Нации против Северот, тоа ќе биде сфатено како „Објава на воен конфликт“ и дека Јужна Кореа скапо ќе плати. Јужна Кореа на заканата возврати со одржување на својата досега најмасовна воена вежба (Bloomberg.com, 26-ти октомври, 2006). Во меѓувреме, Иран ќе започне десетдневни „воени игри“ со огромни размери во Персискиот Залив и Оманското Море, за да ги демонстрира своите одбранбени способности (Ројтерс, 1-ви ноември, 2006). Додека оние што скептично гледаат на пророштвата, ги отфрлаат овие случувања како „нешто што овие народи го прават веќе илјадници години“, тие го превидуваат фактот дека за прв пат во историјата, тие народи поседуваат или ја развиваат способноста за нуклеарно уништување – нешто уникатно за овие моменти од историјата. Отсекогаш имало „војни и гласови за војни“, но никогаш порано локалните и регионалните конфликти не претставувале закана за постоењето на целокупниот живот на земјата. Овие се војните и конфликтите на кои се однесуваа Христовите предупредувања за последното време (Евангелие според Марко 13:7-8).

Глад и болести владеат со Африка. Фондот за деца на Обединетите Нации (УНИЦЕФ) известува дека во шест јужноафрикански земји, 14 милиони луѓе – од кои половината деца – се наоѓаат во непосреден ризик од глад, а во исто време се соочуваат со една од највисоките стапки на инфекција од ХИВ/СИДА. Овие две кризи ги пустошат населенијата на Лесото, Малави, Мозамбик, Свазиленд, Замбија и Зимбабве. Според УНИЦЕФ, „Гладот од 1992 беше резултат речиси исклучиво на суша. А, што се однесува до сегашнава криза, сите овие земји се погодени од пандемија на ХИВ/СИДА, која го намали земјоделското производство и снабденоста со храна.“ (www.unicef.org/emerg/southernafrica) Поради двојниот убиец (гладот и болеста), овие земји се наоѓаат во можен ризик да престанат да постојат како народи – држави. Во овој регион 25% од луѓето во продуктивна возраст (15-49 год.) живеат со ХИВ – па, така, за една деценија, 25% од населението веројатно ќе изумре. Ова значи дека помалку здрави возрасни работоспособни луѓе, мора да издржуваат повеќе луѓе. Домаќинствата погодени од ХИВ/СИДА можат да искусат опаѓање на приходот за 80%. Во потрага по пари за да купат храна за своите семејства, некои жени се свртуваат кон проституција, забрзувајќи го на тој начин ширењето на ХИВ/СИДА. „Во регион веќе најтешко погоден од пандемија на ХИВ/СИДА, кризата за храна претставува нова и застрашувачка закана за опстанокот на најранливите – децата и жените“, рече еден регионален директор на УНИЦЕФ. Уште многу одамна, Бог даде објаснување за една од основните причини за сегашната криза во Јужна Африка, „Кој, пак, врши прељуба со прељубница, тој нема ум; си ја погубува душата своја, оној што го врши тоа“ (Изреки Соломонови 6:32). На луѓето кои страдаат во овие погодени земји им требаат Божјите животодавни заповеди – и тоа ИТНО!

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com