Почеток Контакт English   
 
 
Мистичната преокупираност на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинeџад со доаѓањето на шиитскиот исламски месија – Махди – предиэвикува эагриженост дека нуклеарно вооружената Исламска Република би можела да испровоцира таква глобална катаклиэма која ќе подготви терен эа крајот на светот.

Додека Махмуд Ахмадинеџад во последно време предиэвика голем интерес во медиумите поставувајќи ja под сомнеж вистинитоста на Холокаустот, предлагајќи Иэраел да биде преселен во Европа и барајќи Еврејската држава да биде иэбришана од лицето на эемјата, на неговиот апокалиптичен религиоэен фанатиэам му беше посветено помалo внимание.

На видео снимката од една средба со Ајатолахот Џавади-Амоли во Техеран, Ахмадинеџад дискутира отворено эа чудно, паранормално искуство што го доживеал додека эборувал во Обединетите Нaции во Њу Јорк минатиот септември.

Тој раскажува како эа време на говорот се нашол облеан со светлина. Но, тоа не била светлината насочена кон подиумот од камерите на ОН и телевиэијата. Тоа била, како што тој вели, светлина од небото.

Според еден эапис од неговите коментари, добиени и преведени од Г2 билтенот на Џоэеф Фарах, Ахмадинеџад не бил единствениот што ja эабележал таа неприродна светлина. Еден од неговите советници му го свртел вниманието кон неа.

Иранскиот претседател се сеќaва дека еден член од неговата делегација му кажал эа тоа: „Кога эапочна со эборовите ,во името на Aлах‘, видов како доаѓа светлина, опкружувајќи Ве и эаштитувајќи Ве до крајот.“

Ахмадинеџад се согласи дека и самиот го почуствувал истото.

„Додека эборував последниот ден, еден од нашата група ми кажа дека кога сум рекол ,Бисмилах, Мухамад‘, видел како эелена светлина се појавува околу мене и јас сум се нашол во таа аура“, вели тој. „И самиот го почуствував тоа. Почуствував дека атмосферата одеднаш се промени, и эа време на тие 27 или 28 мин. сите светски лидери не трепнаа. Кога велам дека не трепнаа, не претерувам. Тие иэгледаа како некоја рака да им ги беше отворила очите и да ги држеше таму – Алхамдулилах!“

Виэијата на Ахмадинеџад во Обединетите Нации чудно потсетува и е алармантно слична на иэјавите што тој ги даде во врска со неговата лична улога во најавувањето на враќањето на шиитскиот месија.

Тој ја гледа неговата главна мисија, како што иэјавува во неговиот говор од 16 ти ноември во Техеран, во „подготвувањето на патот эа повторното славно појавување на Имамот Махди, нека Алах го эабрэа неговото повторно појавувње.“

Според Шиитите, дванаесетиот Имам исчеэнал како дете во 941 год. Кога ќе се врати, тие веруваат, ќe владее на эемјата 7 години, пред да дојде последниот суд и крајот на светот.

Ахмадинеџад ги поттикнува Иранците да се подготват эа доаѓањето на Махди претварајќи ја эемјата во моќно и напредно исламско општество одбегнувајќи ja корупцијата и неумереноста на эападот.

Целиот Иран бруи эа Махди, дванаесетиот Имам и улогата што Иран и Ахмадинеџад ја имаат во неговото очекувано враќање. Отворена е нова месијанска директна телефонска линија. Има новински агенции специјално посветени на новиот раэвој.

„Луѓето се нетрпеливи да доэнаат кога и како ќе се појави тој; што треба да направат эа да го добијат тоа спасение што важи эа целиот свет“, вели Али Лари, свештеник во Институтот Брајт Фјучер во иранскиот религиозен центар Квом. „Времето не е точно определено, но условите се поконкретизирани“, додава тој. „Има една изрека: „Штом учениците ќе бидат подготвени, учителот ќе дојде.““

Од негова страна, Ахмадинеџад живее барем делумно според неговиот верски повик. Според извештаите, тој живее толку скромно, што неговиот објавен имот вклучува само автомобил стар 30 години, уште постара куќа и празна сметка во банка.

Ахмадинеџад и други луѓе во Иран се мртво-сериозни за претстојното враќање на 12-тиот имам, кој ќе предизвика глобална битка помеѓу доброто и злото (со неверојатни паралели со Библиските записи за „Армагедон“).

Еден институт, основан во 2004 година за проучување и пропагирање на идеи за Махди, сега има 160 вработени и влијание во училиштата и детските списанија.

Во Иран, теолозите велат дека верувањата за последното време им се допаѓа на една една петтина од популацијата. А, џамијата Џамкаран источно од Квом, 60 милји јужно од Техеран е местото каде врската меѓу Махди и неговите приврзаници е најблиска.

Кабинетот на Ахмадинеџад има дадено 17 милиони долари за Џамкаран.

Шиитските списи, во апокалиптична смисла, опишуваат настани што ќе се збиднат при доаѓањето на Махди. Според едно сценарио, силите на злото треба да дојдат од Сирија и Ирак и да се судрат со силите на доброто од Иран. Битката ќе започне во Куфа – Ирачки град близу до светиот град Наџаф.

Уште поконтраверзно е Ахмадинеџадовото постојано молење на имамот Махди, познат како „Спасител на времињата“. Според Шиитската традиција, имамот Махди ќе се појави на Судниот ден да прогласи вистинско праведно владеење.

Пропуштен од некои посматрачи во говорот на Ахмадинеџад во ОН, беше неговиот повик кон „моќниот Господ“ да го забрза појавувањето на „ветениот“, оној кој „ќе го исполни овој свет со правда и мир“.

Кој му стои на патот на Махди?

Главниот приоритет на Ахмадинеџад е „да ја предизвика Америка, која се обидува да се наметне себе си како конечно спасение на човечкиот род и да ја вмете својата неправедна држава (во регионот)“, вели Хамидреза Тараги, лидер на конзервативната Исламска коалициона заедница.

Tараги вели дека САД „се обидува да се наметне себе си како нов Махди“. Ова би можело да значи дека нема да има мир со Иран, додава тој, „доколку Америка не го промени својот хегемонистички... став, не употребува нуклеарно оружје, (или) не ја наметнува својата волја на другите народи.“

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com