Почеток Контакт English   
 
 

За единството - BWA002

„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.

„Ако едно царство се раздели на делови, еден против друг, тоа царство не може да се одржи; и ако еден дом се раздели на делови, еден против друг, тој дом не може да опстане“ Марко 3:24,25.

Македонската историја и нејзината сегашност се полни со примери на национална поделеност. Толку многу векови сме заробени од тоа проклетство, што изгледа како од нашиот генетски код да се гледа дека не го познаваме нашиот Татко и Господ, доволно и правилно. Ова јасно ни покажува дека во очите на Бог сме направиле нешто погрешно.

Благословен народ значи напредок, успех во секоја смисла на зборот. Благословените луѓе се среќни, полни со радост, насмеани и со спокојни срца. Дали ние Македонците сме такви? Дали сме свесни за овие факти во нашето досегашно постоење? Или, си живееме во мрак од генерација на генерација, воопшто не разликувајќи се од нашите претци.

Ако е така, единствениот заклучок е дека мора да промениме нешто во нашиот живот. Мора да направиме нешто за да го добиеме Божјиот благослов и да имаме успешен живот.

Те молам, разбери дека ако не направиме некои радикални промени во нашите умови, ако не го промениме ваквиот начин на размислување и живеење без Бог во нашите мисли, зборови и постапки, нема да тргнеме ни чекор понапред од достигнувањата на нашите претци. А, тоа е проклетство. Историјата за нас Македонците ќе се повторува во круг – несреќни луѓе, живот исполнет со страдања, загуби – како лични така и за целиот народ, негативни чувства за нашите способности да бидеме успешни, подложни на пораз, и секакви лоши нешта и во материјална смисла.

И како што кажал Алберт Ајнштајн: „Најголемата глупост на човештвото е да се очекуваат поинакви резултати во животот, постојано правејќи ги истите нешта, истите рутински постапки, и размислувајќи и живеејќи на ист начин“.

Драги мои Македонци, мојата молитва и нашата мисија е да ви понудиме нешто ново, нешто перспективно, нешто што многу пати досега се докажало низ историјата. Многу народи кои се покајале за своите гревови и се одвратиле од грешниот начин на живеење, доживеале драматична промена. Тие во целост искусиле што практично значи Божјата благонаклонетост. Дали сакаме да тргнеме кон тој хоризонт? Дали сме подготвени да промениме нешто за во овој живот да добиеме целосни благослови од Господа, единствените вистински благослови на оваа земја?

Ако одговорот е ДА, те молам, започни да слушаш што ти вели нашиот Господ и Спасител Исус Христос, живиот Бог, преку Своето Слово.

„...Покајте се и верувајте во Евангелието...“ Марко 1:15 „...На Господа, твојот Бог, поклони Му се и само Нему служи Му!“ Лука 4:8, и постојано слушајте го Божјото Слово и извршувајте го.

Драги Македонци, „Сe е можно за оној кој верува!“ Марко 9:23.

Бидете сигурни дека Господ Исус и нас Македонците нe сака. Тој нe повикува да се приближиме до Него, да Го запознаеме многу подобро отколку што сега Го познаваме, да Му веруваме Нему и на Неговото Слово – и да одбереме да живееме свет живот, според Неговите заповеди.

Тешко е не само да се слушне тоа, но уште потешко е да се извршува. Господ нe охрабрува: „Моите заповеди не се тешки“. Треба само да поверуваш во Господ, треба да го отвориш своето срце, својот ум за да ја примиш вистината, да ги прифатиш Неговите зборови и ветувања.

„Да не се плаши срцето ваше, ниту да се бои“ Јован 14:27.
„Сe можам преку Исуса Христа“. Да, пријатели мои, можеме сe да направиме преку нашата длабока вера и доверба во нашиот Господ и Спасител Исус Христос. „Биди мудар и управувај го срцето свое по прав пат.“ Изреки Соломонови (Поговорки 23:19), а патот е Исус Христос, единствената вистина и живот.

Тој нe љуби; сака нашите срца целосно да Му припаѓаат. „...Јас ве избрав од светот...“ Јован 15:19.

Ние сме избрани, браќа мои, директно од Господ. Да, штом ќе ги слушнеме Неговите зборови, пораките напишани во Библијата, стануваме избрани и имаме можност за благослови.

Не верувајте во други богови кои произлегуваат од овој свет, направени од човечки раце. Верувајте во Божјото слово, во ветувањата од Библијата, зашто Библијата е прирачник за животот на земјата. „Ниедно пророштво од Писмото (Библијата) не е сопствено кажување на пророкот. Оти никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух.“ 2 Петар 1:20,21

Пријатели мои, обединете се во името на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нека заедно да го развиеме „...едномислието помеѓу себе (вас)...“ Римјани 15:5, нека заедно се обидеме да „...стигнеме сите до единство во верата...“ Ефесјани 4:13 „...сооединети со љубов...“ Колосјани 2:2, вистинската Божја љубов – агапе. Исполнувајте ја Божјата заповед да ги љубите ближните како себе си, соединете се со Христос, за секој од нас поединечно и како народ да го открие новиот хоризонт за разбирањето на животот, за да бидеме заедно во совршено единство.

Така, ќе можеме сигурно да очекуваме напредок, нашиот дом ќе стои цврсто како на карпа. Нашите национални достигнувања ќе бидат резултат на нашите отворени умови и срца кон нашиот Бог - Господ и Спасител Исус Христос, резултат на Неговата милост кон нас Македониците, на Неговата добрина и вечна љубов.


Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com