Почеток Контакт English   
 
 

Порака на Бил Келер (Liveprayer.com) - BC005

Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од Ноември 2005 со двајцата тинејџери од Пенсилванија, Дејвид Лудвиг и Кара Борден. Лудвиг (18години) и Кара (14 години), биле тајно во врска и заедно ја поминале саботната ноќ. Кога Кара пристигнала дома во 6 наутро, нејзините родители разговарале со неа во врска со тоа каде ја поминала ноќта, а веднаш му се јавиле и на Лудвиг да дојде и да зборува со нив.

Откако разговарале повеќе од еден час, таткото на Кара, Мајкал Борден, го испраќал Лудвиг до вратата, кога Лудвиг извадил пиштол и испукал нишанејќи во главата на Мајкал Борден и го усмртил. Потоа тој ја нашол Кетрин Борден, мајката на Кара, и нејзе и упатил истрел во главата убивајќи ја. Лудвиг потоа ја зел Кара и двајцата тинејџери почнале да бегаат и да се кријат по цела земја.
Неколку дена подоцна во Индијана беше забележана колата која Лудвиг ја возеше. По напорите со брзо возење да и избега на полицијата, Лудвиг направи судар со колата, па така и двајцата тинејџери беа однесени во притвор. Кара била цврста христијанка, која многу отворено им зборувала на другите за својата врска со Христос, била активна во младинската група во својата црква, а всушност и носела блуза со името Пилар (столб), името на една популарна христијанска рок група.

Кара имаше САМО ЧЕТИРИНАЕСЕТ ГОДИНИ! Таа беше дете и беше подеднакво квалификувана да биде „во врска“ како што би била да извршува комплицирани неврохируршки зафати. Лудвиг ќе го помине својот живот во затвор, а Кара и нејзините браќа и сестри сега ќе израснат без своите родители и ќе ја носат на себе неверојатната лузна од таа ужасна трагедија остатокот од своите животи.

Реалноста е таква што родителот постепено ја губи контролата над животите на своите деца како што тие раснат. Нивните деца поминуваат сe повеќе време надвор од дома. Тие секојдневно самите носат сe повеќе одлуки. Сето тоа е дел од процесот на станување возрасен човек. Токму заради ова јас упорно кажувам колку е само важно родителите добро да си ја одиграат својата улога уште додека нивните деца се бебиња или мали деца. Треба на еден добар и мудар начин да се положи основата на вера во нивните животи така што како што тие ќе почнат да созреваат и како што ќе почнат самите да донесуваат одлуки – ќе прават мудри и богоугодни одлуки.

Во овој случај, изгледа дека родителите Борден многу добро ги воспитале своите деца во верата, положувајќи христијанска основа во нивниот живот. Мајки и татковци, само до тука можете. По извесно време ќе морате на Бог да Му го доверите животот на вашето дете и желбата тоа секојдневно да Го следи Господ, а не овој свет.

ОВА Е ЗА МАЈКИТЕ И ТАТКОВЦИТЕ! Вие не сте одговорни за изборите кои вашето дете ќе ги направи. Ве молам да ме разберете што сакам да ви кажам: Вие не сте одговорни за одлуките кои ќе ги донесе вашето дете. Вие сте одговорни да ги одгледате во страхопочит од Господа, да им ги оформите нивните животи според Божјиот Збор. Вие сте одговорни да ги заштитувате и згрижувате додека живеат со вас. Но, ве молам разберете дека исто како што Бог вам ви дал слободна волја сами да донесувате одлуки, Тој и на вашето дете му ја има дадено истата слободна волја. Молете се за нив, сакајте ги, помагајте им колку што сте во можност, и утврдете се на Божјото ветување од Поговорки 22:6: “Упатувај го детето по неговиот пат, па кога и ќе остари, нема да отстапи од него.”

Во ред, сега ќе зборувам директно со вас децата и младите луѓе. Сега им се обраќам на оние кои имаат од 10-18 години. Можете да бидете глупави, да се исклучите од она што ви го кажувам, или да го отворите вашето срце и да знаете дека оној што ви зборува не сум јас, туку Самиот Бог. Воопшто не е случајност што ги читаш овие редови денес. Бог ти зборува, а јас се молам да Го сослушаш. Она што сега ќе ти го кажам доаѓа од моето секојдневно справување со илјадници деца и млади луѓе од 10 па нагоре.

Нема НИШТО од она со кое се соочуваш или низ кое минуваш, со кое што јас не морам да се справувам секој ден. Затоа верувај ми, ова не е попување “од некојси стар човек” за тоа како треба да живееш. Јас едноставно ќе ти ги кажам работите такви какви што се и ќе се молам ти да го отвориш своето срце и да Му дозволиш на Бог да те води. И за крај, не паѓај во стапицата дека “вакво нешто нема шанси мене да ми се случи”. Никој никогаш не си го мисли тоа. Кара Борден веројатно би била една од последните луѓе на светов која би си помислила дека ќе биде вклучена во ваква трагедија, ама тоа сепак и се случи. МОЖЕ И ТЕБЕ ДА ТИ СЕ СЛУЧИ!

Очигледно е дека постојат многу стапици кои сатаната би можел да ги употреби за да проба да го уништи твојот живот. Но најголемите за децата и младите луѓе се алкохолот, дрогата и сексот. Те молам внимателно слушни го овој факт. Исус во Јован 10 ни кажа која е целта на сатаната. А тоа е да “убива, краде и ограбува”. Ова се однесува на ТЕБЕ! Немој ни за секунда да поверуваш и да помислиш дека сатаната не постои. Тој навистина постои и сака да те види уништен.

И пак ќе кажам, има многу стапици кои сатаната може да ги користи за да ти наштети, но оние кои се надалеку најголеми се алкохолот, дрогата и сексот. Знаеш, никој не започнува како алкохоличар. Никој не почнува како зависник од дрога. Речиси секој алкохоличар и зависник од дрога започнал експериментирајќи со пиењето и дрогата во своите тинејџерски години. Нема НИШТО убаво или посебно во тоа да се опиеш или да се нафураш, ама баш НИШТО!

Повеќето деца започнуваат експериментирајќи со алкохолот и дрогата или за да бидат дел од некоја група, или за да не се издвојуваат. Сите други го прават тоа, а ти не сакаш да се чувствуваш како да не припаѓаш таму. Никогаш немој да го заборавиш ова: твојот живот си е твој живот и ничиј друг! На крајот на денот никој друг не може да го живее твојот живот, само ти можеш. Само ти си одговорен за одлуките кои ги донесуваш и никој друг. Ти, и никој друг, не мора да се спаравува со последиците од твоите избори.

Нема апсолутно ништо позитивно во врска со пиењето и дрогирањето. Ама ни едно нешто! Всушност, нема ништо друго освен негативни последици од пиењето и дрогирањето. Па кога ги знаеш овие факти, и кога знаеш дека тоа е стапица од сатаната со која сака да проба да те уништи, зошто воопшто и би размислувал да пиеш или да земеш дрога? Само за да се вклопиш со една група луѓе кои воопшто и не се ни грижат за тебе? Па тоа е глупаво.

Другата голема стапица за младите луѓе е сексот. Сексот е вообичаениот исход на овие тинејџерски врски. Многу пати во минатото имам зборувано за младите луѓе и врските. Мојот став е дека тоа НЕ е нешто за кое што еден млад човек треба да размислува додека не заврши со средно школо. Секој ден се справувам со “вљубени” дечки од 12, 13, 14, 15, 16 и 17 години. Кара Борден најверојатно била „вљубена“ во Лудвиг. Вистината е дека ти сеуште немаш претстава за што е тоа „љубов“.

Ти си ги смешал необузданите нови чувства и страста со она што е „љубов“. Почнуваш да се впушташ во „врски“, а сеуште не ни го разбираш животот. Ова не е област во која можеш да си „експериментираш“ без посериозни последици. Врските се сериозна работа, а понекогаш дури и на зрелите возрасни луѓе од 20, 30, 40 и 50 години не им оди сe како подмачкано. Воопшто не е мудро да се донесе одлука уште во раните тинејџерски години да се впуштаме во такви врски.

Верувај ми, знам дека имаш притисок. Сите имаат дечко или девојка, па и ти си мислиш дека не треба да си ислкучок. Телевизијата и филмовите ги фалат тинејџерските врски и секс на еден сосема нереалистичен начин, и на тој начин те охрабруваат да се впуштиш во нешто за кое што ти едноставно сеуште не си подготвен. Светот ни го продава сексот како едно прекрасно искуство со кое што нема што да се изгуби. Но вистината е дека тоа е еден посебен дар од Бог за мажите и жените кои се во брак – И ТОА Е ТОА!

Секој секс надвор од рамките на бракот е грев, а за тоа има и добра причина. Тоа е еден посебен физички чин кој треба да го споделуваат само луѓе кои доживотно се посветиле еден на друг. Бебињата се еден исход од тоа кога двајца луѓе имаат секс. Многу болести можат да се појават како друг исход на сексуалниот чин. Огромни емоционални потешкотии можат да бидат исходот на сексуалниот чин. Токму заради ова Бог го смислил и предодредил сексот за мажи и жени кои се наоѓаат во брачен завет.

Сe се сведува на следново: За твојот живот станува збор. Бог ти дал слободна волја за да можеш да донесуваш свои одлуки. Бог нема да те примора да Го одбереш Него, ти самиот мораш да го сториш тоа. Твоите родители не можат насила да те натераат да донесуваш богоугодни одлуки, ти самиот за себеси треба да го одлучиш тоа. И на крај, ТИ и САМО ТИ имаш одговорност за одлуките кои ги донесуваш во својот живот. Едното нешто што би сакал денес да го разбереш е дека твојот избор не доаѓа без последици.

Ако сакаш да ги уживаш Божјите благослови, мораш да бидеш подготвен да Го следиш Бог и да Му бидеш послушен Нему. Ако одбереш да живееш во бунт против Господ, знај дека секогаш ќе има последици од тој бунт. За жал, некои од таквите последици можат засекогаш да ти го променат животот, или како во случајот со Кара Борден и Дејвид Лудвиг, да ти го уништат животот, пред и воопшто да имаш прилика да го искусиш.!!!

Јас се грижам за тебе од сесрце. Не верувам во „попување“ на возрасни, а уште помалку на деца и на млади луѓе. Се што јас можам да направам е со вас да ја споделам вистината на Божјото Слово и надешта што ја имаме во Христос, да ви ги објаснам јасните избори што можете да ги направите, и да се молам за вас. Јас не можам да ги направам тие одлуки наместо вас, ниту пак вашите родители можат да ги донесат тие одлуки, а дури ниту Господ не може да направи избор наместо тебе – Ти самиот ќе мораш да избереш што ќе правиш, а што нема да правиш.

Знај дека како што секојдневно ги правиш тие избори, ти или ги ослободуваш над себе Божјите благослови за твојот живот, или пак ја отвараш вратата за било какви последици кои ќе дојдат како резултат на твојот избор да дејствуваш во бунтовништво против Бог и Неговото Слово. И ова навистина ти останува ти да го избереш. Или благослови поради твојата послушност, или последици од твоето бунтовништво.

Јас ќе се молам за вас мајки и татковци. Дајте сe од себе додека ги одгледувате своите деца да Го следат Господ и додека ги учите како да донесуваат Христолики одлуки. Тоа ќе им даде насока и ќе ги води кога ќе почнат да донесуваат свои одлуки. Ќе се молам и за вас деца и млади луѓе. Бог ви ја доверил способноста да правите избори. Тој ве сака и ви го сака само најдоброто во животот. Бог има прекрасна замисла и цел за вашиот живот, ако вие едноставно Му бидете послушни и Го следите.

И тоа е изборот кој стои пред тебе секој ден: Да Го следиш Христос или сатаната. Никогаш немој да заборавиш дека сатаната е на мисија да проба да те уништи, па затоа секогаш биди подготвен да се одбраниш. Исто така, на твоите пријатели можеби им се допаѓаш, но тие не те сакаат. Не можат тие да го живеат твојот живот: Само ти ја играш таа улога. Ако имаш потреба да следиш некого, следи Го ИСУС! Тој НАВИСТИНА те сака и ќе ти помогне да живееш еден изобилен живот исполнет со радост и мир.

Животот не е лесен. Особено за вас децата и младите луѓе кои раснете во свет кој што ви промовира секакви гревови и злобни нешта во лице постојано и каде и да се свртиш. Токму заради ова, сега повеќе од било кога порано, треба да Му го довериш твојот живот на Господ и да Го следиш НЕГО и Неговото Слово. Бог ќе те води мудро низ минското поле поставено со цел да ти го уништи животот. Во Господа си безбеден. Станата рика како гладен лав и сака да те раскине, додека Бог стои над тебе да те пази, заштитува и благословува.

На крајот на краиштата, сe зависи од твојот избор. Можеш да го избереш овој свет и да го живееш твојот живот во бунтовништво против Бога и Неговото Слово, при коешто ќе мораш да ги поднесуваш последиците од твоето бунтовништво; или, можеш да избереш да Го следиш Христос и да Му дозволуваш да те води низ животот. Не можеш да ги имаш и двете работи. Не можеш да го следиш и светот и Христос. Мораш да избереш. Исус рече дека не можеш да им служиш на двајца господари. Мораш да избереш или да го следиш овој свет кој сака да те уништи, или Исус кој сака да ти даде живот, и тоа исполнет живот. Јас се молам да Го избереш Исус и Него да Го следиш!

Во Неговата љубов и служба,
Твојот пријател и брат во Христос,
Бил Келер

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com