Почеток Контакт English   
 
 

За сидата...или за последиците од смртниот грев - BC004

од др. Лидија Ристовска

Денес живееме во декадентни времиња. Разградување на моралните вредности...Лугето можеби не знаат, а можеби и не сакаат да размислуваат за Божјиот збор... Ретки се личностите со кои можете да размените здрава христијанска порака, кои искрено Ќе се израдуваат затоа што читате Библија и затоа што христијански го живеете животот... Речиси сум сретнала само шака луѓе кои ги умртвуваат своите инстинкти и нагони, само за да му се допаднат на Бог...

„...и така, умртвете ги своите членови што се на земјата.. блудството, нечистотата, страста, лошата желба и лакомството, што е идолопоклонство, заради кои доаѓа Божјиот гнев на непослушните синови...“ - Колосјаните, 3(5-6).

„...А, оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти...“ - Галатјаните, 5(24).

Светот, во кој сите ние сме современици е исполнет со прељубодејство, вонбрачни и предбрачни и сл.други врски, но и со гревовни дејства и од друг вид( лакомост кон парите, некоректниот однос кон туѓата сопственост и сл...).

Билбордите, дневните весници, журналите, ТВ-рекламите и сл. нудат слогани, кои го поддржуваат тој начин на живот..„ земи се што ќе ти пружи животот“...„зграпчи го денот“...„еднаш се живее“....итн. Наспроти овие човечки кованици стои совршениот Божји збор..

„...не лажете се.. Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее.. кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел., а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот...“ - Галатјаните 6:7-8.

Непослушноста на човекот кон Бог е виновна за сите последици. Бог ни дал слободна волја да одбереме по кој пат ќе тргнеме.. по десните патишта, кои ги контролира Бог, или по левите патишта, кои ги контролира сатаната.

СИДА

Вирусна болест со мистериозно потекло, непозната антивирусна терапија. Познати се неколку антиретровирусни лекови, кои се само со виростатски ефект (го сторнираат размножувањето, репликацијата на вирусните макромолекули, но не ги убиваат истите). Начин на пренесување:
 - Сексуален контакт (помеѓу хомо- и бисексуалци),
 - По крвен пат (трансфузија на заразена крв, употреба на веќе свежо-употребувани и нестерилни медицински инструменти),
 - вертикална трансмисија од мајка на фетус (која не е секогаш 100 % - се раѓаат здрави бебиња од заразена, ХИВ+ мајка).
 - Секрети од човечкото тело, кои се преносливи: Крв, вагинален секрет, сперма, мајчино млеко.

Болеста има асимптоматски период , кој може да трае и до 15 години, кога ХИВ-позитивниот пациент може да го пренесе вирусот на други луѓе, а и самиот да не знае дека е заразен. Првите симптоми , но и понатамошните, на оваа болест се резултат на загубениот имунитет.. од обична настинка, преку паразитарни, габични болести, па се до малигни тумори.

Денес, неочекувано, сите можеме да бидеме потенцијални жртви на несовесен лекар, доколку не лекува со нестерилен инструментариум и не зарази со ХИВ вирусот. Таа замка на ѓаволот можеме да ја одбегнеме, доколку внимателно ја одбереме стоматолошката ординација која ќе ја посетуваме.

Можеме да бидеме жртва на трансфузија на крв - едноставно било неизбежно да примиме туѓа крв. Оваа замка на ѓаволот можеме да ја одбегнеме доколку изричито одбиеме трансфузија на туѓа крв - медицината располага со алтернативни плазма експандери - високомолекуларни хиперосмоларни инфузиски раствори кои бргу го заменуваат изгубениот волумен на крв.
Сексуалниот начин на живот можеме сами да го одбереме, креираме, дополнуваме, но само во Господа.

Бог не е против сексот..
„...Бог го создаде човекот во својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик., ги создаде машко и женско. И Бог ги благослови и им рече Бог..“Плодете се и множете се и наполнете ја земјата и потчинете ја! ...„ - Битие 127-28.

Да, Бог го предвидел и го подарил сексуалниот нагон и живот, но само во рамките на бракот...Нашите патишта во животот да останат чисти, неосквернети. Бог не љуби и тој не смета за чисти садови, во кои треба да престојува Неговиот Свет Дух.

„...Бегајте од блудство! Секој грев што човекот го прави е надвор од телото., а блудникот греши против своето сопствено тело. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси?...“ 1 Коринтјаните 6:18-19.

„...телото копнее против духот, а духот против телото, зашто тие се противат еден на друг...“ Галатјаните, 5:17.

Секојдневието, динамичниот начин на живот носат со себе епизоди на искушение. Треба да знаете дека Бог никогаш и никого не искушува. Сите искушенија се од сатаната.
„...да се воздржувате од телесните желби, зошто тие војуваат против душата...“ 1 Петрово 2:11

„... Ниеден, кој е искушуван да не рече..„Бог ме искушува“. Зашто Бог не се искушува од злото и Самиот никого не искушува. Туку, секого го искушува неговата сопствена похот, која го влече и го мами...“ Јаков 1:13,14

КОНДОМИ - Да или не?

Повторно истите билборди, медиуми, реклами, итн. Дали кондомите го решаваат проблемот? Секако дека не. Никој не ви гарантира дека истиот 100% ќе ве заштити. Значи, единствениот начин да се заштитиме од сексуалниот начин на пренесување е верноста во бракот.

Бог, на прецизен, црно-бел начин предупредува против блудство и прељуба..

„...Не посакувај ја во своето срце нејзината убавина, и не оставај да те освои со своите клепки, зашто поради блудница човек се понижува и за парче леб, додека прељубницата лови скапоцен живот. Може ли некој да носи оган во пазувите, а да не му се запали облеката? Може ли некој да оди по вжарени јаглени, а да не си ги изгори своите нозе? Така биднува со оној кој оди при жената на својот ближен.. не ќе остане без казна оној што ќе се допре до неа...“ Изреки Соломонови 6:25-29.

Бог е семоќен, создател на Универзумот. Неговите свети зборови, напишани во Светото писмо, многу прецизно, јасно предупредуваат на смртоносните последици од сексуалниот грев. Сида-та е само една од можните последици.

Сите кампањи кои се одвиваат на територијата на Република Македонија одат во насока само на употреба на кондоми. Апсурдот оди дотаму што истите се презентираат и пред ученици од средните училишта, кои се личности во оформување. Доколку и се сугерира на една недооформена личност да употребува кондом, веднаш ќе го прифати фактот дека сексуалната слобода е дозволена и неморалниот живот може да започне. Да, токму тоа е сугестијата.

Затоа, како докторка и христијанка апелирам, фундаментално да се насочат активностите кон запознавање на младите, дека пред се сексуалниот неморал е генераторот на огромен број проблеми, кои не остануваат само во сфера на телесните болести, туку, генерираат и бројни психолошки проблеми . Предбрачниот секс е грев. Живеењето во некакви невенчани заедници, кои се се, само не брак според Божјите стандарди, исто така може да биде генератор на многу проблеми. Статистиката вели дека таквите невенчани парови воопшто не се посреќни во однос на оние кои благословено од Бога живеат во брак.

Само Библијата, Божјиот збор може да ги исправи нашите патишта.

Бог не сака чисти. На денот на Судот сите ќе застанеме пред Него. Да се плашиме од Бога, зашто Неговото Слово вели..
„ ...Стравот од Господа е почеток на мудроста..... Но безумните ги презираат мудроста и поуката...“ Изреки Соломонови 1:7

Др. Лидија Ристовска

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com