Почеток Контакт English   
 
 

Гатање, баење... - BC003

Откако во минатите изданија ја обработивме серијата за објективноста од постоење на ѓаволот наречен сатана и начините како да му се спротивставиме и му ја превземеме власта над нашите животи, во следниве неколку изданија ќе се обидеме да обработиме дел од алатките на ѓаволот со кои се држи човекот закован на дното, во калта на злото, далеку од Божјото присуство. Овие моќни алатки, навидум сосема наивно, се присутни во нашето македонско секојдневие со генерации. Нивниот замав е силен и денес. Кога нашиот човек се соочува со болести, со немир, со проклетства од најразличен вид во животот, прво нешто по кое посега се облиците на спиритизам - баење, гатање, магии, разни обреди со предмети и слични спиритуалистички шеми на ѓаволот или Библиски кажано примки на злото.

Во ова издание на електронските вести на Маран ата, ни се приклучи Ацо Митев, со размислување на оваа тема.

Во 3. Книга Мојсеева 20 глава 27 стих читаме: „Секој маж или жена ако се занимава со спиритизам или гатање да биде усмртен со камења.“

Сите кои се занимаваат со овие гнасни работи и сите кои одат кај нив за совет или за лечење на телесните болки, се наоѓаат на патот на злото, зашто е напишано: „Не одете кај бајачи и не испитувајте ги работите преку нив, зашто Јас Сум Господ ваш Бог.“ 3. Мојсеева Книга 19: 31.

Секој што има контакт со такви луѓе станува жртва и е под влијание на мрачните демонски сили. Ако некој им се обрати на повикувачи на духови и на вражалци, за да оди блудно по нив, Јас ќе се свртам против таквиот човек и ќе го истребам од неговиот народ. (3-та Мојсеева Книга 20:6)

Пријателе, дали го слушна ова. Чувај си ја душата од измамниците на овој свет. Ако Бог ти го сврти лицето, кому ќе му се обратиш за помош? Сите други помошти се напразни. Сите други обиди се осудени од Бога. Или можеш да кажеш дека овие појави не се толку лоши? Дали ќе се оправдаш ако тврдиш дека тоа се правело одамна, па зошто да не се практикува и во денешно време? Макар и да се излечи некој со помош на вражање или некој друг чин, тоа не е за прифаќање, бидејќи ваквите сеанси имаат за цел одделување од Бога и соединување со нечистите демонски духови. Не ти вреди, ако за миг имаш здраво тело, а упропастена душа. А и не само тоа, вражалците и бајачите немаат трајна исцелителска моќ.

Зошто нашиот народ не се обраќа за помош кон вистинскиот Бог? Затоа што луѓето се под силното влијание на демонските мрачни сили. За ослободување од нив, единствено оружје е Библијата, Божјиот збор и верата во нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Магиите, вражањето, спиритизмот и баењето се опасни смртни гревови. Сите кои одат да бараат помош од нив, се осудени како големи престапници на Божјиот морален Закон. Затоа, потребно е вистинско покајание и напуштање на овие гнасни и страшни обичаи што се вметнале преку лажна религија и во нашиот крај.

Бог да е на помош на сите искрени трагачи. Бог вели: „Кој ќе Ме побара Мене, ќе Ме најде сигурно.“ Бог се откри преку Исус Христос и нема потреба да одиме на други места, за да бараме решение за нашите проблеми. Бог ги решава сите проблеми, се разбира начините се Негов избор, Божјите патишта не се наши. Токму затоа, Бог е достоен за почит и слава, како наш вечен Татко и Создател на нашите души.

Ацо Митев

 

Copyright 2006, Maran atha. All rights reserved.
 
Двонеделна анализа
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа“ Лука 11:17.
Библиско советување
Оваа порака е намената за вас децата и за младите луѓе. Досега, сигурно сте слушнале за трагичната случка од...
Христијански вести
Во Палестина продолжуваше битката на три фронта помеѓу Евреите, Арапите и Британците...
 
   Лично сведоштво
„И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, сe стана ново.“ 2 Коринтјаните 5:17
повеќе »
 
 
   Bible Gateway
Пребарај збор или фраза во Библијата:
BibleGateway.com